го (зам.) - гори (гл.)

Кочо поседе малку тука, сѐ во оној тегобен настрој што го гореше однатре по целиот пат, па стана.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Молат машките гласови: Не прусај, прусај Пред мене мори лепа, Не ми го гори срцето!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Голем пламен го гори небото и целиот срт го покрива пурпур кој преминува во кадифе, а топката сончева запаѓа зад ридот и со последното болснување, воздивнува и завршува денот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Да ја претрчаат рамнината на Ревани и Шак и штом се спуштат во Новоселската река - за нив нема да има опасност вели, дежурниот офицер и од очи не го спушта двогледот во кој постојано има отсјај на ракетие што го горат небото.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Наглас се кажа она што тој со денови го мислеше, неправдата што го гореше, агресијата врз неговиот личен и национален мир која не можеше да ја сфати, како што не можеше да сфати со која своја постапка, како човек или како Македонец, тој придонел да се најде во оваа ситуација.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Огнометот растеше и го гореше мозокот, завршуваше пред границата на еден отпор.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Оди, се враќа, молчи и таи, а во него сѐ понапред избива потребата и го гори, да каже кој е и што е.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„Сигурно мислеле цел да го горат, или го предвиделе за цапарник“ - си мислеше Бојан.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Војникот му се доближи на офицерот и зборуваа нешто.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Знаев дека во одредот е и ќерка ми, та затоа се занишав, зачекорив и ми се стемни.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Неколку војници ги откопнуваа крстовите.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Писменцето што го држи во пазуварката како да го гори, небаре му се прилепило како лишај на карпа и не знае како да го скрие од погледите.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Да... - изусти нововлезениот. - Со запалени цигари, а потоа со вжештени железа ми го гореа телото.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
На умрениот му требало бел чаршаф за да не го гори сонцето, чаршаф веднаш се донесува.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Огнот никако да ѝ стивне, да понамали. Го гори девојчето, го смалува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)