Веќе беше истрчан низ вратата и веќе беше зел да го дроби тој снег, забиен со своите скокови во неговата длабочина и завиорен во еден огромен круг околу зградата на својата пилана, среде таа шума, чии што дрвја прилегаа повеќе на облаци од окит, а здивот веќе му збиваше во градите како триста тапани.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
– А вие Мариовци јадите леб и симид, а? – М-море к-к-камо го сссимидот тта јјјас и бббез леб ггго јадддам – почна Трајко да го дроби јазикот и пак се изгоре како некни од шербетот, што агата силно го насмеа, та ги викна комшиите да се понасмеат со будалата Мариовец.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Сакав да проверам кај Живко дали и тој истото го забележал, но Живко беше зафатен со Предо: му објаснуваше дека ако лапнал дафинов лист, него сега желудникот му го дроби, како свилената бубачка што го грицка дудинковиот лист, и му треба (погледна во рачниот часовник) толку и толку време за да го сомеле целиот, а на Предо му останува само да седи и да пие кисела вода - се разбравме?
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Ама кромидот ти ќе го дробиш. - Кромидот не е за плачки.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Зрнце по зрнце со прстенцата го дробеше стиропорот во сините чиничиња.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Ги полнеше колку што може повеќе, за да стават по две-три ќофтиња од кал озгора.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Оттаму се спушти сè до Жепа и го определи местото каде што ќе се наоѓа скелето за превоз на каменот.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Неколку денови едноподруго зачудените вишеградци го гледаа градителот, наведнат и побелен, но црвен и младолик во лицето, како го обиколува големиот камен мост, го дроби, меѓу прстите го крши и со јазикот го испробува малтерот и составките, и како со чекори ги премерува окната.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Којзнае од кои села го носеше, го вареше, го сушеше, го дробеше и им го продаваше на војниците. Контрабанда.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)