Авторот при тоа повеќе имаше чувство дека таа го забавува одошто тој ја учи.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Би сакал да видам како тоа го забавува?
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Фаерабенд и го забавува и го загрижува верувањето на некои физичари дека се приближуваат кон една „теорија на сешто“.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Грубо и весело ги одбиваше тој тажните исповеди на Арсо и го забавуваше со интересни истории, не оставајќи го да се предава на своите нездрави размислувања.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Првиот дигитален гениј - изработувач на софтвер, којшто ќе го промени персоналниот компјутер во “cyber-elefon” ќе биде истовремено Henry Ford и Walt Disney на електронското време. u Имате впечаток дека големите претпријатија со тоа што и понатаму ја играат старата игра, го забавуваат развојот?
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
И тогаш тој ќе клекне сред нив, а тие ќе колват и ќе се врткаат околу него како во пчеларник, ќе го забавуваат и одушевуваат со тоа што ќе му ги колват ногавиците на панталоните и копчињата на кошулата.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Него го забавуваа овие игри в постела кои Ребека, оваа цела година додека ја посетуваше, знаеше да ги прави уште повозбудливи, поставувајќи ѝ пречки на извесноста и одлагајќи ги врвните страсти за силовитите продирања, до длабоко во ноќта.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Сега вие можете да речете дека луѓето во ова општество живеат подолго, но прашањето е „Каков е квалитетот на животот? А ова не е решено“.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)