го (зам.) - забоде (гл.)

И во мигот кога веќе беше готов да му го забоди в гради, слушна продорно „Ааах!“
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Брзо го подигна штикот и, како што го учеа во офицерската школа, му го забоде под клучната коска.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Винстон се изви странично и со жесток напад успеа да го забоде рамото меѓу нив двајцата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тогаш нашиот авторитетен дедо, седнат на чело од масата, ја земаше лубеницата пред себе и ќе го забодеше ножот во неа.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Партнерите се тие кои треба да си го чуваат грбот, а не меѓусебно да си го забодуваат бодежот каде што ќе стигнат.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Играат дечињата околу неа Таа чита за Ороско* како го забодува својот крст - со удари на секира.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Во објаснувањето пред надлежните органи зошто ја застрелал кравата, Сталин рекол оти сакала да го забоде на роговите.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Тој се оптегнува, го забодува лактот лактот и раката го стегнува длетото.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Му кажа, значи, и за себе, и за неа. А му кажа толку малку, и толку многу, затоа зашто го разбираше и знаеше како во срцето да му го забоде неподвижниот колец на соучесништвото.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Немаше ли друга рабата таа вештерка со коса над главата, освен да го забоде шилецот од своето сечило токму среде челото на неговиот Нако, токму кога влегуваше во живот - кога завршуваше со школувањето, кога љубовта ја овенчуваше со брак, кога се испилуваше да застане на свои нозе како маж, како сликар, како човек?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Доктор Гете изваде игла од својот џеб, и врвот го забоде во челото на девојката.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таа остана мирна, не се помести ниту кога доктор Гете се приближуваше кон нејзината глава со иглата, остана мирна дури и кога врвот на иглата беше забоден во нејзиното чело.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)