Токо така ми текна оти, ка го заведе попот Крчето кај Жиовчеви — не стапна во куќата наша, та шо му беше алот тој си знае.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Појде попот, го заведе по него, си киниса попот, го зе и него.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— Пукна ѓаволот, — си рече Бисера и го фати под мишка, го заведе дома, му даде столче, го кладе ѓезвето за кафе и седнаа да се разговараат како родители и чедо по две три години.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Тоа не достигна никогаш толку големи димензии на Балканот како во Европа!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Беше уверен дека Татко по старо ќе го заведе во својата беглива и тешко дофатлива мисла: Душманството, мој Камилски, пред да биде балканска, беше и европска појава.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Таа го заведе со своите приказни, па и пред да биде свесен за да се спротивстави, тој плачеше на оние тажните, се смееше на оние веселите и ги следеше нејзините наредби.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Колку само беше млад и наивен – илјада и една ноќ со Шехеразада, а потоа бајката ја снема.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Тој, се плашеше авторот, исто така би можел евентуално да го заведе во погрешен правец.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Сакам ороспиите да бидат што подалеку од театарот затоа што тие, со своите впечатливи бои, со нагонот за брзо ширење и со цветањето во секое време, можат да го заведат истиот, па потоа, нешто слично како Жан во пиесата на Стриндберг, да остане засекогаш покриен од гнилежот на нивните најситни потреби...
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Робот на уметноста може да направи сè уметноста да живее на ниво на господар – пишува Кацаров, па потсетувајќи на култната Госпоѓица Јулија, поентира: „Сакам ороспиите да бидат што подалеку од театарот зашто тие со своите впечатливи бои, со нагонот за брзо ширење, со цветањето во секое време, можат да го заведат, па потоа нешто слично како Жан во пиесата на Стриндберг, да остане засекогаш покриен од гнилежот на нивните најситни потреби...“.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Неговата нервоза, хистерија, импулсивност, неговата љубов кон гламурот и „морбидната љубов кон згодни работи, кон придушена светлина и кон свежо цвеќе“ (122) се сѐ особини што се општествено кодирани како немашки и што му го заведуваат геј-сензибилитетот под знаците за невротичност и, особено, за женственост.
Херман Мелвил, пак, ги протерува сите траги на женственоста од човечкиот крајолик во „Били Бад“ (1891).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Повеќе е кралица отколку трејд.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)