И и дојде бесот сега да го стегне и да го задави како мачка пиле.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
За врат мачка, влече маче, го задави, не го сака. - Лага било. Го сакала, го криела да го стопли.
„Од дното на душата“
од Александра Велинова
(2012)
Два миљона народ, а во секој чоек има насобрана толку голема омраза што мислиш дека би го задавил и комшијата доколку по грешка му заѕвони на ѕвончето од врата.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Јас го задржав врапчето кое тој го задави и, кога дојде до мене да го види врапчето и да го помираса, и потоа му реков никогаш повторно да не го прави тоа.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Капетанот Мрвичиќ го гледаше некое време за заискрени очи чиниш готов да го задави, а потоа како да го зеде под свое својот бес, извика едно „Пизда ти материна...“ и замина пак минуваќи крај нив во спротивниот превец со кој одеше.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Уште на заминувањето за Франција, Тасе Шаин сакаше да си ја земе фамилијата со себе и да се пресели да живее таму.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Мислеше: ако сѐ уште го најде жив дедо му Тренко, ќе го задави: зашто дедо му беше виновен за сето она што му се случи на Тасета.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
А раширените рачички на куклата би го задавиле, иако не можат без него, само да го принудат да ги заборави витосните наречници.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Да можам би излетал во дворот и најпрво кметот би го задавил.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)