А пак ветувањето што си го зададе со преселувањето во одајчето на Димостена се спротивставуваше на таквата задскриена мисла или одлука.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Со сојузничка помош и наоружување ние можеме да создадеме војска од 700 -800.000 војници, кои заедно со сојузниците ќе му го зададат последниот удар на германскиот фашистички окупатор".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Татко беше свесен дека главниот удар му го зададе токму Мирон Донски, уште при првата средба, што беше можеби и причината за неговата болест.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Во чест на големиот пролетерски раководител, кој на овој процес му го зададе првиот посериозен удар на разулавениот германски фашизам, во овој град е отворен музеј на Георги Димитров, каде што посетителот најдетално се запознава со текот на прочуениот Лајпципшки процес...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Гореше од желба да го дочека мигот кога ќе го зададе последниот, решавачки удар.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Болеста како ловец веќе го имаше пленот во своите канџи и само таа одлучуваше кога ќе го зададе последниот удар.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Патот што му го зададе сега, беше сосем различен од оној по кој дојде и го одведе на сосем друга железничка станица.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Особено голем публицитет во јавноста на САД предизвикало првото интервју на Јосип Броз Тито дадено на д-р Стојан Прибичевиќ и на Џон Талбот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)