Други го задеваа дедот Петка: — А бреј, стари вапиру, каде токо и влечкаш виа пуста жени, бре? Колку си излагал и ошче колку ли ќе земиш на душа?
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Чекај да видат тиа со ми го задеваат чупето ! . . .
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— Море, каде вака, Крле, Горно мало? — го запраша слободната Бојана Катина, која со сите ергени правеше разговор и секого го задеваше — и што треба, и што не треба. Крсте поцрвене како рак.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
На плоштадот на револуцијата во Москва гладта доаѓа катаден кога е ручек време доаѓа како на волшебно килимче на лепче намачкано со маст и црвен пипер доаѓа и се клешти како гласник на светските промени се клешти и како седмоглав аждер го задева Свети Ѓорѓија.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Од збор на збор го подбидоа да фати облог дека на еден здив и отпростум ќе испие три ока вино и ништо нема да му биде, сакаше да им покаже колку е силен и затоа да престанат да го задеваат.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
— Не требит мене твојот ногу години, анасеци... ана.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ние твои луѓе сме, царцки луѓе, да не чиниш кабул да пострадаме“. Co тоа му даде да разбере на бегот дека ќе му даде десет лири да не го задева него и неговите домашни.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Палавите, дрдорливите деца, отпрвин често го задеваа, но попусто.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
(Подоцна Пол често го задеваше: „Супер идеја! Да направиш филм од својата колекција на плочи!“)
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Чаршијата на свој начин го задеваше и улаво му го изопачуваше јазикот.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
И почна да го задева. – Ја виде Јана Ѕерѕева некни на орото како ме гледаше?
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Еразмо сфати дека ако не го задева јастребот, тој нема да го колве, ќе се спријатели со него.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Децата повеќе не го задеваа Мартина, но и не му пристапија да се мират.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Ги викна еден ден и им кажа како тој знае дека тие сепак Мартина го задеваат.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)