Успеваше тестото да го залаже со малку масло, понекогаш со ореви, со сок од доматите од нашата бавча.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Мајка ми од малкуто брашно што го имаше месеше некакво тесто, она вообичаеното, но секогаш со умешност, за да го залаже гладот, со различните форми на јуфките, на питите.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Почна да бега назад, кон фрлената вреќа полна со зрна, со цел да го залаже јастребот со храна.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
— А таму нема со што да го залажеш касајот, велам, да можеш да го голтнеш...
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Во почетокот на новото доба човекот бара нешто што нема да го залажува, и мисли дека тоа го пронашол во едно јасно, разложно и дисциплинирано нумеричко мислење.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Чувствуваше глад за леб, за варен или печен компир, за пржена сланина, но му беше потребно подолго време да си приготви таква храна, па мораше со нешто да го залаже својот изгладнет стомак.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Да го залажеш читателот со навидум смешна приказна, по која на лицето му останува заледена насмевка, а во душата горчина, додека во свеста му изрипува прашањето: На што, всушност, јас се смеев?
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Гледате, на брегов на нашето море често брановите исфрлаат шишиња со пораки, наменети да го залажуваат и трујат нашиот народ, за да ја повратат католичката религија во земјата.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)