го (зам.) - запамети (гл.)

„Можеш ли да го запаметиш сето тоа?“ промрморе на крајот. „Да“.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Тогаш слушај внимателно. Мораш да го запаметиш ова. Оди на подземната станица Педингтон...“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тогаш, ангелот веднаш те убедува дека знаеш да читаш, да го читаш животот. – ми зборуваше баба ми – Она што сме ние, што ни претставува нас е тоа она што спонтано, случајно сме го запаметиле во текот на животот, дали од читање, слушање од други луѓе или слушање на својот внатрешен учител, не е воопшто важно!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Ефрејторот ги стегна забите, но кога сфати дека ништо од она што сега би можел да му направи не ќе го задоволи, реши да го запамети.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
- Чекај. Не целото. Кој ќе го запамети.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
- Јас сум... - Знам, твоето име го запаметив уште во автобусот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Мајка се роди сираче. Не го запамети ликот на својата мајка. Живееше добро со маќеата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Но што беше она на што сега мислев и бев уверен дека не само го согледувам туку и дека можам, да го изразам со зборови, да го запаметам како кажување. Ебати бељата.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Знам дека имаше некој збор на кој требаше да се сетам и да го запаметам.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Само зборот да го запаметам па ќе видиме после, ќе се сетам на неговото значење, на тоа зошто ми беше страшно важен.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ете, тоа е она што отсекогаш сакала да му го каже и што сака тој да го запамети еднаш и засекогаш.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Потоа, подсоземен, се обиде да се сети на сонот со сите подробности и со ред со цел да го запамети. Два детала од сонот му бегаа.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
АРАПОТ: (На излегување) Фафљуктен сармусаклин јунама беч. (Излегуваат) БОРИС: Јас го учев два месеца, овој еднаш го чу, го запамети.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
И не може насекаде, или било каде што ќе ти одредат случајните конвенции на историјата, да ја почувствуваш најголемата приврзаност за земјата, место во кое ќе ти се случи најбитното во животот, во согласие со вечниот ритам на природата, а не со наметнатите амблеми на еден друг живот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Францускиот поет Андре Френо (од генерацијата на Кено, Тардје, Мишо, Понж, Гилвик), при една посета на манастирот Свети Наум, беше загледан во лицата на светците од фреските на манастирот, речиси го запамети секој израз на лицето, играта на боите, нијансите.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сакаше да го запамети местото во кое добродушниот планински човек го спаси од смртта.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
„Сакаш уште? Има многу!” – сестрите се радуваа поради тоа што можеа да ги подмират нивните желби . И тие тоа го запаметија за цел живот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Бројот требаше да го запаметат.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Имаше среќен израз на лицето. Последниот кој го запаметив.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И овој рецепт си го запаметивме, од гледање.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Повтори уште еднаш за да може оној што прашуваше да го запамети редоследот и да ги забележи буквите до една.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
И тешко на оној што не ќе си го запамети името и годината на раѓањето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)