Отиде времето си го фати патот, бројот на секундите никој неможе да го запре, врви, врви...
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Не можеа тукутака овие кози да го запрат текот на историјата, сигурниот настап на новото социјалистичко општество, со работничката класа како нејзин главен гарант!
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Сиромав човек сум белки ќе земам некоја паричка да ја позакрпам сиромаштијата...
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Турчинот, со црвениот коњ се доближи до нив, го запре коњот и викна: - Стојте, бре, проклета ѓаурска, веро!
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Во тој момент Турчинот секавично го извади револверот. Се чу истрел.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Стражата, со финансистите, го запреа Донета. Ги фатија коњите за огламниците и прашаа: - Што носиш, бре ѓаур28) во вреќите?
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Потрча, затоа, по камионот и ја крена раката како да сака да го запре, возилото ли, неа, текот на времето, животот ли каков што дотогаш му беше даден, што брзо се оддалечуваше итајќи незапирливо во непозната насока, а потоа виде дека е залудно и застана.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Со сопствени очи видов христијански учител кој водеше приредба со еврејски песни на децата во училиштето.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Чекорите одминуваат, одат по некој друг, добро што не го запре овој вруток од пријатни мисли: „Во училиштето за сиромашни еврејски деца, учениците изучуваат четири јазици: хебрејски, грчки, француски и шпански.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Во тој момент влезе однадвор пијаниот што го запре преѓеска Коча на сокак.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Го свршував побрзо ручекот и чекав пред трпезаријата да го запрам кога ќе излегува.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Танас се приготви да летне по кошницата натрупана со искршени шишиња, но учителот ја издолжи раката и го запре.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Еден од нашите е влезен кај машиновозачот и кај Превалец ќе го натера да го запре возот.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
- Не брзај, - го запре чичко Лозан.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
- Остави го, - го запре чичко Лозан и повторно се сврте кон Колета: - После? - Не знам.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Тетка Анѓа го затегна оглавот и ме тера да го запрам магарето.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Тргна по клупите и погледот го запре на Калчо.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
— Но онбашијата повтори потрети — сега во ребрата, та дедот Јован просто го запре здивот и се испружи како мртов.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Како нарачан се испречи пред него еден заптија и Петко го запре на сред улица: — Ефенди, ондеа во една порта сега влезе еден кумита.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Онбашијата се наднесе над него и почна да му зборува: — Ќе водиш нас кај Толе паша или да вадам ножот да одерам жив.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
На неколку чекори го запре и му викна на стрика си да појде кај него, па му вели: — Ќе ве јадат шо ќе ве јадат виа пци, токо баре ти си помлад, гледај, позацкри се дури да се врата та ќе дојдиш со мене.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Кумита, кумита, токо бргу сардисајте а куќата да не се премести некаде да ни откине.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Добровечер, Толе, добровечер, домаќине, — го отпоздрави Апостол кој многу ги ценеше овие самородни и смели борци и војводи во чиј ред и тој спаѓаше.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Отворено рече Најдо и го запре здивот за да го слушне одговорот од кој зависеше неговиот живот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Го запре кошот пред нив и со еден сожалителен и презрив поглед ги измери сите војводи, па громко ги поздрави.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
дечињата си беа дечиња ама веќе ја знаеја приказната за садако сасаки нивна врсничка од оние времиња што се паметат по хирошима она девојче садако сасаки кое решило да свитка илјада книжни жерави надевајќи се дека нејзе ќе и донесат здравје а на светот мир она девојче садако сасаки коешто смртта го запре на бројот 664 та жеравите останаа недосвиткани како кошулата на ленка во песната на македонскиот поет кочо рацин.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Татко не знаеше што смислува директорот Донски, но претчувствуваше дека и тој ќе му го запре еланот.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Со последна надеж, сакаше да го замоли да го запре овој чин, да не им подлегнува на злите намери на неверниците!
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Беше среќна, но и малку воздржана, зашто знаеше дека Татко пак ќе оди по стариот пат, а таа немаше моќ да го запре.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Тоа што го виде на лединката, сред девствениот лаг, му ги поткоси нозете, му го запре здивот во градите, целиот го зашемети...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Му кркори во градите. Не може да го запре кашлањето.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Но тоа ни за миг не го запре животот во домовите.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
„Сега!“ реши Бојан, па го запре здивот, ја фати најблиската ѕверка на нишан и храбро го повлече чкрапалото.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
„Само златото може да не потемни со векови“ - си помисли Бојан, па држејќи го предметот в рака, се исправи, ја крена главата, напнат да извика, но в миг некаква нејасна мисла, некаква непозната желба го запре.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Го запре дишењето, го напрегна видот.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Кога дојдоа до крајот на населбата, каде што имаше портирница со вратар и рампа на патот што го одделуваше урбанизираното летувалиште од дивите плажи, мажите се свртеа и без да го запрат чекорот продолжија назад, по истата слоновска патека за прошетка на заслужните.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Ване стана да си оди и посегна по џебот, но Азис го запре: тоа му дојде премногу, ем да си направи убав муабет ем да не го чини ништо.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Но Маре, неговата Маре, го запре за ракав и го праша пред сите: - Од каде го знаеш ти ова дете?
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Но по некој ден, заскокоткан од проклетото љубопитство, помина покрај приземната зграда и без да си ја признае слабоста, го запре погледот на таблата од влезот, каде што беше обесено обично ливче со неколкуте имиња примени нови ученици. Меѓу нив беше и неговото.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Одненадеж задува силен ветар и за малку го однесе стиропорскиот Кинг Конг, а заедно со него и живите работници кои со сето срце се обидоа да го запрат Титовиот лет во небо.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Треба само да бидам релаксирана, да се визуелизирам себеси како летам, да го запрам здивот, да се сосредоточам на движењата, да ја визуелизирам дестинацијата и да се обидувам да останам во воздух што подолго...
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Даниел му кимна со главата и продолжи да оди, но гласот на човекот го запре во леите.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Го блокирав срцето и умот, го запрев времето, денес.
„Портокалова“
од Оливера Доцевска
(2013)
А потоа, откако го разгледа купето и провери дали се добро сместени пилињата, погледот го запре на лицето на мајка ми.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
И да не заборавам да ти речам дека навистина знам оти со еден обичен збор ниту можеме да го запреме ниту пак би можеле да го продолжиме текот на настаните".
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
„И ти значи в град. На прошетка?“
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
- Баждар, има ли сила да го запре дождов?
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Пред куќата на Ана го сретна Бата и го запре.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Го тераше коњот ко молња и без да го запре.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Дали смееш да му погледнеш в очи на плачот и да го запреш кога тој навира во тебе?
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Него, чичко им Ѓорѓи, ниту најмрачната ноќ не можеше да го запре да појде во меаната и на час пред мугрите, да се врати дома, следен од банда музиканти и весел лаеж на пците.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Колку чудно влегува и не може да се запре или да го запре, и од далеку слуша удари во нешто тврдо, непробојно, одбивно.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Додека го гледале филмот, добивале желба да влезат во филмот да го запрат нивниот другар и да го прашаат што е тоа што го мачи.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Сипаничавиот Јован Стојче-Столетников се крстел и не можел да го запре грленото штукање од чии ненадејни внатрешни удари помодрувал - ќе чекориш со крвави стапалки и ќе поцрнуваш, болештината ќе ти ја исмука крвта, објаснувал така некако.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Така враќањето од Лесново им почнало со нов гроб: ќе го закопаат, кој има солзи ќе поплаче, ќе ги наредат двоколките и ќе појдат со темни грижи на челата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тој не го слушаше, само го чувствуваше како тежок презир кон самиот себе, кон оваа глутница што го запрела дишењето за да ја слуша анегдотата за смртта.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Арсо прави неколку брзи чекори. Сега ништо нема да го запре.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Утредента еден младич со пакет в раце се обиде да влезе во телеграфската станица. Стражарот го запре.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Но тој, ете, не беше во состојба да го запре треперењето.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Може ли да биде во часот кога сонцето го има својот зенит или да го запрам во времето на најубавото што во христијанството им се случило на безгрешните и овие другите, кога воскреснува најсветлото.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Ги стискав забите за да не се насмеам. Не знаеја дека го запрев дишењето легнувајќи на дното на реката.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Веќе не стои, не можеш да го запреш.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
баму ја, седиме така во темницата и се плачеме, сакаме да го подзапреме времето, да се оддалечиме од смртта што нѐ чека, јас веќе си ја гледам мршата како ја раскопуваат дождови, како скапувам и се смалувам, се гледам пред себе си, така, како своја слика да држам в раце, само Силе Плевнеш грчи во ќошот, бичи некои глуждови трупци, ама времето кој го запрел досега, го запирале царови, кралови, тепачи, арамии, врачари и јаки луѓе и никој не останал со него и како што седам така, оп - се обзорува, некоја бесшумна светлинка ни влегува на прсти во собата и со светлината влегуваат и војници, оф мори мајко, ајде вика старшијата, Силе Плевнеш уште грчи и старшијата го клоцнува в слабина и овој рипнува, си ги брише слинките околу устата, сакате поп да ве исповеда, јас не сакам, вели Силе Плевнеш, и без поп господ ќе дознае за нас, знае тој дека на правина нѐ земате на душа и после нѐ поредуваат во дворот пред затворот, а Стеван Докуз пак приплакува, ги покрива очите, што ќе му правиш: тој ти е другар во несреќата, „пријателот ти е роднина кого самиот си го одбираш“ велеше Лазор Ночески, а војниците чекаат со пушки пред нас и ете го дојде тој, офицерот, се тетерави 121
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И навистина, еден коломенски позорникар со сопствени очи видел, како што се разјаснило, зад една куќа привидение; но бидејќи по својата природа бил слаб, така што еднаш обично повозрасно прасе, откако излетало од некоја си приватна куќа, го соборило наземи, на громка смеа на кочијаши што стоеле околу него и од коишто тој побарал по еден грош за тутун поради ваквиот подбив, и така, бидејќи бил слаб тој не посмеал да го запре, туку така си одел по него низ мракот сѐ додека привидението наеднаш не се свртело и, застанувајќи, не прашало: „Сакаш нешто?“ – и му покажало таква тупаница, каква што тешко ќе најдеш меѓу живите.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Меѓутоа, привидението било многу високо по раст, имало огромни мустаќи и упатувајќи се по сѐ изгледа кон Обуховскиот мост, наполно исчезнало во ноќниот мрак.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
На пример, една актн-чанта полна со синтетички хероин би можела да ги задоволи годишните потреби сите њујоршки зависници. Америка никогаш нема да биде во состојба да го запре прометот на толку мал производ меѓу купувачот и продавачот, а да остане слободно општество.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Понатамошната забрана на крек би создала сѐ поголемо насилство со оглед на тоа дека дилерите се борат за територија. Дури и кога владата би успеала да ги стави под контрола овие супстанци, не би можела да ја укине нивната продажба, барем не по прифатливи цени.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Го запре вжештениот коњ и се стрча кон неа. Ја прегрна.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Ги стискав забите за да не се насмеам. Не знаеја дека го запрев дишењето легнувајќи на дното на реката.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Ги разлути сите селани и тие стрчнаа кон камбанаријата да го запрат, да го истепаат.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Сака да го запре, да го занеме; да го остави како балсамирано срце; и времето во него.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Кога наближа кај Богдана, таа го запре коњот со мака тргајќи го со сета сила за уздата и му рече на Богдана не слегувајќи од коњот: „Ха, мислеше не ќе те најдам...“ и го удри коњот со петиците по слабините.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Татко ништо не одговори, но почувствува дека дискусијата ќе застрани кон нов тек, кој би ги оддалечил од првичната цел да го запрат вниманието на уште некој збор со балканско и трансбалканско значење.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Погледот го запре пред рафтот со речниците, во кои беа собрани илјадници различни зборови на многу балкански и други јазици.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Толку многу беше вознемирен што се случуваше нешто што не можеше ниту да си го претпостави: Камилски како да се подготвуваше да ја одбие единствената можност да го запре губењето на видот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Така, како нареден збор за генерална дебата го предложи зборот бакшиш, турцизам (со потекло од персиски bkhѕhеѕh), којшто ќе најде место и во европските јазици (на пример, на француски, на германски bаkсiсh, bakschisch), како и во сите балкански јазици со истиот корен, останувајќи во употреба дури до денешни дни.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Кој можеше сега да го запре Кејтеновиот син да не се смее, проклет да бидам, ќе се смее како ѓаволот, сто векови.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Кој можеше потоа Кејтеновиот син да го запре да не се смее, о боже!
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Но тогаш Кејтен на масата имаше прилика и лично да го види побелениот мустаќ на Јосиф и дури сега ништо не можеше да го запре.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Стрикото Лентен беше единствениот обичен, незначителен човек што имаше таква сила над татенцето, Токму тоа, таква голема, чудесна моќ да го запре во најголемиот бес.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Случајот го поврзуваше со слични такви случаи од борбата и беше неможно тогаш да го запреш, пациентот нека си умре тој ќе раскаже за сѐ, во подробности за тие страшни фортуни од војната.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Проклет да бидам, ништо не можеше да го запре.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
1 „Ах, ова дете, мил Боже пази ми го, што ли прави ова дете на мајка, вака да ми страда, во оган да гори, треска да ја тресе, а да не можам да го запрам, да ѝ помогнам, од маката да ја ослободам....“ - со светлосна брзина ѝ минуваа мислите на мајка Ленче низ главата, мешајќи ја зеленчуковата супа на шпоретот и спремајќи нови ладни облоги за Томето, најмалото и најубавото дете од нејзините 8 деца.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
КОМУНИСТИЧКИОТ ЕКСПЕРИМЕНТ го исчисти просторот и го запре времето, заробувајќи ги во статичко и вечно искуство на револуционерен триумф во моментот кога тријадата на денешнината - НАУКА, ИДЕОЛОГИЈА и УМЕТНОСТ - се обедини во верувањето дека е од другата страна на хоризонтот и го зазема слободниот трон на Бога.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Тоа не беше неговиот вистински син Бургиба Јуниор, туку историскиот посинок Зине Абедин Бен Али, којшто го запре таткото на нацијата во имагинарниот дел од патот до конечното место во историјата.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Бургиба ја забележа зачуденоста на Арафат и продолжи: Но јас овде денес дојден да ви кажам, во името на мојата организација, Ослободителната палестинска организација, која ги претставува Палестинците и ги брани нивните интереси дека јас сепак ја прифаќам поделбата за да се избегнат новите страдања на мојот народ и на нашите соседи...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Набргу се помири со судбината. Неговата стратегија од младоста да си го подготви еден ден државниот удар и на чело на земјата да дојде еден од неговите синови беше остварена.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Арафат изненаден, сепак не го запрел Бургиба, кој заклучил: Јас од вас барам да ја примените поделбата од 1947 година!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Но намерата на сите нив беше да го запрат, во одреден момент, напредокот и да ја замрзнат историјата.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Патролите можеа да го запрат, доколку налеташе случајно на нив.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
„Чекај уште нешто“, го запре игуменот. „Ти не си женет“. „Не сум, оче“.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Да го запре не може, ама и не сака. Нека биде што ќе биде.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Но сепак, носен врз брзиот бран што нејќеше да го запре, Сандри рече:
„Можеби е и бесен тој милет, ама сега враќа, бегу ефенди.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Во секој случај, Симона веќе ништо не можело да го запре.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Кап... кап... кап... кап... - капе капка по капка - истекува денот... мора да истекува, зашто нема таа сила што да го запре надоаѓањето на залезот. ***
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Илко го запре џипот, и легнаа на задните седишта.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Стојан си го запре здивот.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Остана таму, го заборавија човекот кога ги разотворија вагоните, како да ги збриша некоја разулавена ветрушка и ги настега во нив, замижувајќи им ги очите, затапувајќи им ги главите и така, возот свирна, исписка, како со човечки глас да се огласи и веќе никој не можеше да го запре.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Големата шамата стигна до човекот во главата на возот и оти што туку се засилуваше успеа да го запре со неколку повлекувања на кочницата чија сила помина под вагоните како миговна секавица среде лето.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Крле гледа дека таа ја води водата на нејзината, ама и на неговата водеиица, та да не обиколува леводесно, таман таа заврши, тој ја бапна пред обете: — Е, море, шо ќе барам јас наки-ваки сиромашки ај дај ми а ти! — и се испули во Неда, се понасмевна и го запре здивот да го чуе одговорот.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Тој го запре здивот и се исплаши да не слезе умрената мајка, веднаш да го земе со неа.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Си дојде ли чичко Јован? — праша таа и го запре здивот да го дочека одговорот.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Сите го запреа здивот за да можат да слушнат што ќе биде и кои се овие наседнати на масата.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Како да сакаше да ги втаса морињата, со мислите, на патот преку реката, до бреговите на Америка, со надежта во враќањето преку потомците, пред да им го запрат патот градителите на новиот прогрес, производителите на новата енергија.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Татко мигум замолче. Го запре милозливо погледот кон очите на Мајка.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Таа, за миг, нѐ опфати сите со благиот поглед, па го запре на синот партиец и му рече јасно: – Не грижи се, сине, како ќе се однесувам на границата.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Мајка, во еден миг, сакаше да го запре патувањето, макар што беше дадена согласноста и подготовките беа при крај.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Да не мислел Игор Лозински на овие далјани, дека еден ден ќе го запрат патот на јагулите, доколку вистински се усовршеле и целосно ја преграделе реката, попречувајќи го целосно патот на јагулите?
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Му беше благодарен со својата жена на Богот на преселбите, што во големата европска скитија го запре пред ова Езеро, за да му биде татковина.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Откако сомнително погледна кон сите страни и погледот го запре во текот на реката, тој започна: - Ме тишти, побратиме, голема мака, колку еден живот...
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Јагулата надживеала и фараони, императори, диктатори и никакви граници и прегради не можеле да го запрат нејзиниот пат.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Ама, границата меѓу двете земји беше и граница меѓу две души, која не оставаше тие да се зближат, граница што го запре и малото вовче...
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Па тој ја имаше истата замисла, пред да им го запрат патот на јагулите, да замине со семејството кон Америка, со надежта на враќањето.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Кога слегоа на патот, Горјан го запре Трајчета и му објасни: - Кога ќе дојдеш во Струга, ќе свртиш по десната страна крај Дримот.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Трајче го запре коњчето и застана.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Трајче го запре сечењето и помисли: „Можеби се партизани?“
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
На крај градот Федерико го запре и му го даде празното кошниче од јајцата. Внатре имаше и едно кесе со макарони.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
На крај градот, истите стражари - италијански војници, го запреа. Го претресоа и измешаа во солта.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Не можам да го запрам како што не можам да го запрам ни ликот што ми заоѓа зад работ од твоите трепки по кои вјаса брзакот на ноќта.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Го запре автомобилот. Некаков непознат град лежеше долу, осветлен од светлината на двете месечини.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Се колебаше за миг, го запре здивот, и потоа бавно ја отвори раката, откривајќи го малото парче насликано платно.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Стварно? Го запре сунѓерот со кој му го триеше грбот: Можно е.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
И кога ловците ја здогледале зајачицата го натерале да го запре автомобилот, ги отвориле вратите и се стрчале кон грмушката.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Прошара со очите по нас, а потоа погледот го запре на Калчо.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Тивкиот глас ја крена секирата, но силен глас го запре: - Не, - му свика. - Чекај!
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Сестра ѝ Билјана ги стискаше ушите со прсти за да не ѝ го слуша плачењето на сестра си, го стегаше срцето од жал, ги стегаше усните со заби за да го запре тресењето на снагата.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
За да му го запре плачењето, дедо му му рече: - Не плачи, чедо...
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Со гредите од паднатите плевни ги потпираа чатиите на куќите, но многу куќи и не издржаа, та многу семејства се здружија заеднички да живеат, да го делат злото и да го молат господа што побргу ова чудо да го запре.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Кога ќе малаксаат од пиење и пеење, кога ќе се вангелосаат убаво, стануваат, и сите заедно одат на гробиштата; одат на гробот каде што требаше да лежи Лоте; седнуваат крај него и плачат, ронат солзи; жалоста уште повеќе се зголемува кога Лоте одненадеж ќе се струполи над гробот, ќе се оптегне колку што е долг и широк: ќе ги прекрсти рацете на мевот, ќе ги вклешти вилиците, ќе ги затвори очите и ќе го запре дишењето; луѓето тогаш му пеат тажни, погребни песни, му палат свеќи, му принесуваат цвеќиња.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
„Што рече?” „Реков: да го запрете ова што го правите...
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
А еден ден кога Грдан започна да го носи материјалот на бавчичката, Профим го запре на вратата од оградата и не го пушташе внатре.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Но Скрче, кој сето време седеше на вратата и слушаше, го фати и го запре да ја удри Царјанка.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Дино скокна од креветот и во темницата почна нешто да вика.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Телото ми се вкочани, но тоа не го запре да ги пикне рацете под мојата ноќница и да почне силно и бавно да ме фаќа, штипе и гребе по бутовите, стомакот и градите.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Дерида, напротив, изгледа сугерира дека играта на трагата никогаш не може да биде претставена, бидејќи кога е именувана, кога човек се обидува да го запре нејзиното движење и да ја сфати, таа диссеминира, се одделува и продолжува и понатаму да се движи, преминувајќи на друго место.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Погледот го запре на мене.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Мојата универзитетска кариера беше во опасност, само лежев наоколу и ја читав. ТЛ: Она што јас го направив - најпрвин, само ја прочитав. читав цел ден додека да ги изгаснат светлата.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Тоа не е книга што можеш да ја... ВГ: Јас го запрев мојот живот три месеци.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Се будев следното утро и читав. Три дена, не правев ништо друго освен што ја читав.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Штом влеговме во уличката зад црквената авлија, јас го запрев Килета: - Чу ли што зборуваат луѓето? - го прашав.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Од оздола се зададе човек со нарамник мисериште. Него ќе го запрат.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Љујту лафат две удајки направил Танаско, ем гулемки, тутким! се јавува Чана кога се на сред плоштад и кога дедо Господ наумил да го запре топлиот ветер и да го замени пак со северко и во исто време да ги одзатне сите боски на црните облаци симанти ниско над градот и да нареди од нив да потечат бели пердуфчиња.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Се плаши од неговите зборови, се плаши да не не може да го запре.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
— Како, велам, го запрев кашлањето.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Го запревме дури и дишењето.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Се стуткавме една до друга.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)