Бајко беше голем итрец и, на времето, смисли итроштина, иако за тоа плати дванаесет перпери казна: го запусти лозјето, ја префрли земјата на брат му, ги закла свињите, ги олапа говедата и овците, ги грабна само суџуците, пастрмата и, едно, две, еден ден ги собра Бајко Марија и малечкиот Петрета кој изгледаше помалечок и од што беше, и се префрли во манастирот Свети Ѓоргија - Горг над реката Серава и ридот Вергин.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Тој и на Симона му дал прилика да учи, но овој последната година го запустил учењето, бегал во Долнец, вљубен во едно девојче, ќерка на служителот на училиштето, која подоцна заминала за друг.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Очигледно, силниците сакаа да го пустат селото, и ќе го запустат, нема што!
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
- Ами школото, бре! Го запусти ли? - Ама не, туку распуштени сме, знаеш?
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Господ ни го додржа небото, да не би облачишта и дождишта трудот да го запустат.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)