Кај вас, во Потковицата, ме испратија Ончевци, (делениците Акиноски кои живееја во Солун по стрикото Максимов Онисми, нагалено Онче, се викаа Ончевци и таму, во Солун, го држеа Бошњак Ан), тие ме испратија кај своите деленици во Битола, а тие овдека, на Имотот, за да го засолнам чупалево.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
На фудбалските натпревари, на кино или на кое било место каде што имаше повеќе луѓе, ако некој се загледаше во неа и ако Богдан не можеше да го засолни тој поглед со телото, излегуваа надвор, напуштаа.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Лете Ристос си игра со дечињата во дворот Полни ведро од бунарот Ги полева како цвеќенца другарчињата Навечер собира светулки со нив И се тркала низ покосената ливада А кога ќе заспие во тревата Кога ќе порасне во сонот Кога ќе заприлега на момче Од ридовите на летната ноќ Ќе се покаже Дева Марија За да си го прибере Исуса И го засолни Во ѕвездената постела на светото писмо Ние така заспани во трева И не ја видовме белата шамија во која беа завиткани клинци И не чувме како одѕива во ноќта Некој дури ни го ковеше крстот.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Во мугрите портретот го стокмив, го засолнив, но не се успокоив.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Ќе го земам и ќе го засолнам во некој дом.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Ако не скокнев над мојот другар да го засолнам кога падна гранатата во ровот, немаше да ослепам...
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
До трипати го обиколуваат црквичето - со свеќа во десната рака, а со левата дланка го засолнуваат пламенчето да не би да згасне - ако згасне не било на арно...
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Ама во едно кажување волчицата го отпретала од снегот заталканото дете, го засолнила, со волчињата со млеко го доела.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Небаре темен облак мигум го засолни Сонцето.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Во пазувата му го најдов писмово и скришно го засолнав.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
„Не знам дали сака и колку е спремен да се бави и понатаму со проблеми од животов“, ѝ реков и побрзав да го засолнам погледот, да станам дел од божемната натажена отсутност и на другите присутни; дури и рамениците ги поткренав, како да се чудам зошто немам јасен одговор и на најобичните прашања што за жал сѐ повеќе се множат, се множат.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Но и слонот ја крена сурлата, па кога зави како втрештен го уплаши Букефал Така кренат Букефал го засолна својот стопан, зашто: стрелата мина низ него, па го погоди Александар. Букефал веднаш почина.
„Еп на Александар Македонски“
од Радојка Трајанова
(2006)
Но чадот сега започна преку денот да го засолнува сонцето, да фрла некои страшни, чудовишни сенки над селото кои се движеа, лазеа и им се пикаа во душата на луѓето...
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)