Кога му дојде мисла оти покрај жена може да го обрадува и со некое детенце, за малку што не рипна од постелата да го зграби дедот Петка и да летне, да ја земе Доста и да се најде дома каде ќе го гледа тоа дете, ќе го хране и подига, ќе биде и тој татко како сите среќни луѓе, ќе се радува на тој негов створ и ќе умре на неговите раце.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Наеднаш истрпна. Нешто како да го удри силно, како да му го зграби срцето и го стегна.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Денко го зграби девојчето, го стави преку колено и почна да му ги стиска мевот и градите.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Туку го зграбил снегот и со рацете и со устата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Чичко Петре, не истраа: го зграби за раменици и го расфучи како партал.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Но нивното цврчење нѐ потсеќа на нешто што е толку мило и скапоцено: далеку сме од канџите на оние што го зграбија Колета.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Тој свика нешто, а еден од војниците го зграби Колета за мишките и го пикна во визбата.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Оној кој го избра мракот за да слезе по сокакот (а сокакот потсетуваше на извиткана јагула што ќе ја замати бистрата вода штом ќе го зграби пленот на езерското дно); Оној кој ја избра темнината на мрачниот сокак а не гази по калдрмата додека слегува и потсетува на молитва, на порака, или на нејасен збор од тајна болка; Оној кој го избра мракот и слезе по сокакот на посветеноста гласот ни го подари за да ни биде и поттик, и надеж.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Забележа ли следење, ликвидирај го Младичот и право горе, кај Иванов. (Го зграбува за јаката.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)