Извива Стојко со гајдата, го извива Бојана орото, а Доста и другите само во нозете на танчарката и гледаат и по нејзините движења играат. И го прави, пезевенката Бојана!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Чувствувајќи го неговиот поглед уште пококетно го извиваше своето тело.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
И само е предупредување што „Непознатиот:/Див,/Молачлив,/Суролик.“/ го извива ова знаме на закана над сѐ што било, е и ќе биде во суштина на песната и во нејзиното повратно случување врз дел од замислената слика на нејзиното постоење.
„Вечната бесконечната“
од Михаил Ренџов
(1996)
А кога ќе видевме живите мајчини прсти како го извиваат тестото во незамисливи облици, ние, заборавајќи на гладот, излегувавме охрабрени во дворот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Уживам во тоа како низ излезната дупка го извива своето тело заносно мешајќи со својот величествен задник.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Пчелите одамна тропаат на вратите на сите видови цветови, а славејчето го извива својот тенок глас од рана зора до доцна вечер, скриено во мирисавите цветови и зелените лисја на разбудената природа.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)