6. Парициониот рок е оној одреден временски период кој му стои на располагање на должникот кој го изгубил спорот доброволно да ја исполни досудената престација и сѐ додека не истече овој рок пресудата не може присилно да биде извршена преку извршител.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Имено, кога на странката – во пресудата – ѝ се наложува извршување на некакво чинење судот ќе го определи рокот во кој ова чинење таа е должна да го изврши.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Се работи за вишок на естетизација и уметничка трансформација на секојдневното: машината, според вообичаената претстава, е неуморен конструкт, „дига рака“ на самата себе, се уништува, а притоа насилството го извршува на што е можно поестетски, сетилно привлечен начин.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Насилството што го вршиме и што сме го извршиле над себе, взаемните обвинувања, смирувања, љубовните занеси и страдања - почиваат на општествено условената измама дека постои врска меѓу две дадени единки.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Ова опустошување за кое што зборувам, главно е дело на насилството направено врз секој од нас, насилство кое секој од нас го извршил над самиот себе.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Нападот ќе го извршиме, се разбира, тајно.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Дали Толе можеше да го изврши тоа што го рече?
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Тоа го почувствуваа сите и не се сомневаа дека Толе што зборува и прави.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Дефинитивното обединување на сите македонски племиња го извршил Филип II Македонецот (359-336 г.пне.), најголемиот воин што дотогаш го дала Европа.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Задачата на оваа мисија била да изврши диверзија на пругата јужно од Скопје, но поради неможноста да се спушти мисија која би можела тоа да го изврши се сугерирало железничката пруга да биде прекината на „две места северно од Скопје“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Со единиците предвидени да го извршат маршот беа определени и воено политички раководители.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Го оставија Татко да го изврши конечниот преглед на сиџилите и да го изготви извештајот за утрешниот ден.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Кога таа го изврши злочинот ништо од она што го беше предвидела како доказ не функционираше.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Би требало тоа распаѓање да се претвори во жесток процес, во насилна смрт, по пат на исмевање, предизвику вање, повеќекратна симулација која што ритуалот на смртта на универзитетот би го понудила како модел на распаѓање на севкупното општество, заразен модел на напуштање на секоја општествена структура, во кој смртта конечно би го извршила своето пустошење кое што штрајкот очајнички се обидува да го оствари, во дослух со системот, успевајќи во најдобар случај да ја претвори во бавно, успорено изумирање, кое што дури веќе не е ни можно наместо некоја субверзија, некоја офанзивна реверзија.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Она што би било нејзин еквивалент по симболичката жестина (што значи од онаа страна на политичкото) би била истата операција која направи незнаењето, распаѓањето на знаењето да го изврши ударот против властите - повторно да ја пронајде таа чудесна енергија, но на сосем друг ниво, на повисока спирала: да постигне невласта, распаѓањето на власта да удри против - поправо, против што?
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Во тој миг почувствува крволочност и беше спречен да го изврши тоа насилство од ненадејното мртвило и парализата што го совладаа.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Втора измена на чл. 23 се случи во јули 2014 каде се дефинира содржината на јавниот оглас кога работодавачот вработува работници по пат на јавен оглас, тој е должен во јавниот оглас да ги наведе: (1) називот на работното место; (2) условите што се бараат за вршење на работата; (3) почетокот и крајот на дневното и неделното работно време; (4) распоредот на работното време; (5) паричнот износ на основната нето плата за конкретното работно место; (6) се дефинираше временскиот рок за пријавување кој не смее да биде пократок од пет работни дена; (7) рокот во кој работодавачот ќе го изврши изборот и (8) точните податоци за работодавачот (назив, седиште, (лице за) контакт и сл.) (чл. 4 од ЗИДЗРО/ јул.14); г) измените кои ги претрпе ЗРО во делот на правата на неизбраните кандидати може да се толкуваат дека тие донесоа и позитивни и негативни промени.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Во заокружената изјава за мотивите, вие морате да кажете нешто што ќе го именува делото (се именува она што се случило во реалноста или во мислите), и потоа да се именува сцената (позадината на делото, ситуацијата во која тоа се случило); исто така, морате да укажете која личност или тип на личност (извршител) го извршила делото, кои средства или инструменти тој користел (средство), и која била целта . . . секоја комплетна изјава за мотивите би нудела некој вид одговор на овие пет прашања: што е сторено (дело), кога или каде е сторено (сцена), кој го сторил (извршител), како тој тоа го сторил (средство) и зошто (цел). (Burke, 1969 стр. xv) Со поставување на прашања за искусување на искуството, можат да се истакнат посебни дела, сцени, извршители, средства и цели.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Честопати укажувам на Барк-овата (Burke) демонстрација на мотивот како рамка за оваа работа: Ние ќе користиме пет поими како генерирачки принцип во нашето истражување. Тие се: Дело, Сцена, Извршител, Средство, Цел.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Потоа мајка, стуткувајќи ги раскинатите парчиња, го отвори прозорецот, и го фрли она што до пред неколку мига беше ликот на Рајнер.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Мојата рака се колебаше, а рацете на мојата мајка веќе ја раскинуваа хартијата со онаква жестокост со каква што убиец, кој долго копнеел да одземе живот, конечно го извршува злосторството; го кинеше ликот на Рајнер на ситни парчиња, како кога убиецот, откако ќе ја убие жртвата, и натаму ѝ задава удари, не затоа што не е сигурен дали настапила смртта, туку затоа што смртта му изгледа премала болка, или самото убивање не ги згаснало неговиот бес и омраза, па и натаму му задава удари на мртвото тело.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Но тоа што му беше наредено, мораше да го изврши.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
7. Берлинскиот договор вистина е закопан, но не од Европа, а од Бугарија, која го изврши соединувањето со Источна Румелија со насилствен преврат – без согласност на државите што го потпишаа Берлинскиот договор, а со нарушувањето на еден параграф се нарушува и целиот договор.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Дури отпосле, од твојот разговор со Методи, ја разбрав вашата намера: вам ви треба човек што ќе го изврши убиството и ќе ви овозможи вие да останете неоткриени - човек што ќе умре, по извршениот атентат, од вашата рака и што ќе продолжи да ви служи, онака како што ќе посакате!
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Врвот Кајмакчалан, на оној твој омилен врв каде што твојот прадедо го изврши пробивот на Солунскиот фронт.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
- Да, го извршил пробивот, но за жал на тој врв ги оставил и своите коски - одврати Милорад Радиќ.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Христијаните стравуваа да не Турците, за да пружат докази пред властите дека навистина е тој, Јован Акиноски, е злосторник каков што не ќе се роди друг во царството, одново искасапат некое христијанско семејство, а Турците, татковците, веќе уверени дека колежот над Акиноските го извршиле нивните синови, да не гласот за тоа допре до султаните во Константинопол па и едните и другите молеа бога да отпочне нов брј со Маџарско, за тоа веќе и се зборуваше во царството, и сета таа грозна историја да пропадне во заборав.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Ние прилепчани многу добро го знаеме, порано како четник и ајдут, сега како грабач на туѓи имоти и „народен претставител“.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Тогаш, кога слушнаа дека владиката ќе го изврши осветувањето, веќе никој не требаше да им кажува на потковичаните што треба да прават.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Затоа сега Јанчевци на Драганка ѝ купуваат земја, за да го извршат заветот на татко ѝ.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Добро познатиот Ваш Василие Трбиќ, кој најпосле во наша заштита преку весниците испрати едно писмо до министерот за внатрешни работи Корошец, овдека тајно го извршува своето „добро дело“.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Но токму тогаш, кога беше сè подготвено за освештувањето, одненадеж, рано во недела, достаса во Потковицата Партениј, божем за да го собира владичиниот, а навистина за да го изврши осветувањето, милум или насила.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Порано, пред да се појави гласот, поради една околност, жителите на Потковицата и жителите на сите околни населби и чифлизи, и самите власти, веруваа дека злосторот на Акиноските го извршил еден нивни, еден Акиноски.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Првин се погрижив детално да го пребарам домот на министерот; најголемата непријатност беше тоа што претресот морав да го извршам без негово знаење.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Аналогијата зависи од кинеските испитувачи кои разговараат со компјутерот кој го извршува програмот, а не со централниот процесор. Rychlack едноставно тврди дека целиот систем нема гледиште.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Дишан еднаш рече: „Креативниот чин не го извршува само уметникот, туку и набљудувачот го доведува делото во допир со надворешниот свет одгатнувајќи и интерпретирајќи ги неговите внатрешни вредности и така дава свој придонес во креативниот чин”.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Тој страсно тврди дека компјутерите конституционално не се способни да го извршат единствениот човечки вид на когнитивна активност која што тој ја именува „предикација”.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Во својата дискусија на алегоријата на Searle, Rychlack корисно воведува дистинкција помеѓу она што тој го нарекува „екстраспективни” и „интроспективни” перспективи: ние можеме на тоа да гледаме или од гледна точка на надворешен набљудувач, гледајќи „на” собата, или од гледна точка на човек во собата, гледајќи „со” личноста која го извршува програмот.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Сега, имаме листа на луѓе кои зборуваат кинески и кои праќаат „input” во собата и нека човекот во собата „го извршува” програмот читајќи го и правејќи го она што го налага програмот.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
За разлика од индиските, нашите тагови ги симнаа сите маски и целата држава ја земаа под свое (како ајдучко главешинство) и легално го извршуваат своето дело на убивање, барајќи сега од сите државјани спрема божицата Кали, којашто тие ја нарекуваат „Татковина”, да ја извршат својата „света должност” (ритуалното убиство), како што тоа го рече некое денешно министерски рангирано војничиште.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Авторот, како под диктатот на нивен неискажан завет, изневерувајќи ја Татковата стратегија, во туѓина да учи за професија кој би го „заобиколувала затворот верува дека реваншот на судбината, односно враќањето од егзил ќе го изврши низ чинот на пишувачката имагинација.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Беше тоа како да се бориш со невозможна физичка задача, со нешто што би имал право да го одбиеш, а што сепак невротично настојуваш да го извршиш.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Тоа беше врв на суптилноста: свесно да предизвикаш несовесност, а потоа, уште еднаш, да станеш несвесен за чинот на хипнозата што самиот штотуку си го извршил.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Но лицето на Големиот Брат изгледаше како да опстојува уште неколку секунди на екранот, како божем влијанието што го извршило врз очните јаболкца на сите, е премногу силно за да исчезне одеднаш.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Не сакаше да го извршиш чинот на покорување, кој е цена на нормалноста.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Тогаш кога Симон ми зборуваше за стрелањето што го извршил Борко и дека тој го потопил Долнец, не заради некаква полза за земјоделието и за напредок на земјата, туку за да се спаси ако може себе си од тешкиот товар на злосторот, да го скрие и да оневозможи тој злостор да излезе на видело, во тие моменти на повреденост и изгубеност кога се вртев наоколу и по својата глава барав со кого би можела да зборувам, до телефонот го забележав името и бројот на Владе историчарот.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Го одобруваше ли тој потфатот, значи беше сигурен успехот, зашто тој имаше да го изврши со своите јаничари.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Рече дека, во првиот дел од прегледот, ќе му постави неколку неизоставни прашања на пациентот, пред да го изврши другиот дел од прегледот, за да може да му понуди што поцелосен увид на медицинскиот колегиум.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
А како доказ го истакна претходното решение на второстепениот суд во кое се вели дека увидот, испитувањето на тлото на куќата, треба да го извршат стручни лица или установа.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
На логиката на еден здрав разум ова никојпат не ѝ влезе в глава, но затоа Хегел и го изврши своето епохално откритие, со тоа што ја надмина оваа логика.
„Значењето на Хегеловата филозофија“
од Кочо Рацин
(1939)
Не кажувајќи на старата, железничарот Круме го изврши последното селење на гробот од Митруша без сите тие церемонии.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
При распитот што инспекторот го извршил во гостилницата Црвен рид, а во врска со посетата на М. Ѓурев на гостилницата, беше наведено: Гостилничарот изјави дека тој лично бил на џамлакот и го следел доаѓањето на градскиот човек М. Ѓурев уште од моментот кога тој се појавил на ритчето, значи уште пред да почне да се спушта по патеката покрај редицата тополи.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
„И - потоа?“ „Нема - потоа: ви реков, ќе го поставиме како проект што вие ќе го извршите.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Налогот е потпишан од началникот на полицијата и морам да го извршам без одлагање.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
За Мајка остануваше битно дека го извршува верувањето во Бога дека ја испратил во живот да ги спасува своите чеда.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Но, немало кој да го изврши тоа решение.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
На 29 април, утрината, болницата ја посетил капетанот на бродот и долго време се консултирал со ранетиот главен механичар за причините на експлозијата и за евентуалното лице кое би можело да го изврши атентатот.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Можеби во тој момент, мислеше на актот на лудост што сакаше да го изврши.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Затоа тие решиле да го извршат и последниот чин од долго подготвуваната акција.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Кај муслиманите владеело општо мислење дека животот на четворицата гемиџии ќе биде поштеден како одговор на помилувањето што го извршил рускиот цар на убиецот на рускиот конзул Шчербин.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Ѓорче - пишува Сарафов - во испраќањето на специјален човек од наша страна (на потпоручник Иван Камбуров, во Солун, да го изврши помирувањето - б.м.) проѕре дека се наштрбува самостојноста на ЦК, па изгледавме, по негово сфаќање, навистина нешто како “Врховен комитет“ ...
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
176 Сестрата Писи на 1 мај напишала дека сомнителното лице за атентатот на бродот било затворено и тоа, наводно, изјавило дека целта на атентаторите била не само да ја натераат Франција да интервенира пред големите сили и Турција во нивна полза, туку и да ја привлечат власта кон пристаништето со дигање во воздух на бродот и потоа, и непречено и без големи народни жртви, да го извршат преостанатиот план.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Судските власти, се разбира, немале сметка јасно да ги изнесат причините што ги натерале македонските револуционери да го извршат тоа опасно дело и со зачудувачка смелост да го положат својот млад живот по солунските улици.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)