Таа го издига јајцето до висината на нивните усти и го залулува конецот: „ам Трајче - ам Верче“.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Го носат и го одалечуваат од плажите, го издигаат во високи ридишта, од кои се прават дуни.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Тогаш, го издига жолто-кафеното тело, саска, дуејќи го растегливиот врат сличен на штит, ја отвора челустата со остриот заб, набрекнат од отровната плунка.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Не е тоа толку тешко да се објасни но за време на самото играње имате впечаток на борба на слепо, имате впечаток на треперлива колоидална течност во која секоја насока го издига дрвото на непредвидливата траекторија.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
И уште ќе ви кажам: блажени се оние што спознале оти жените не се подолу, ами повеќе од нив, оти само така ќе научат дека вистинската љубов не наредува и не заробува, ами човека го издига и го ослободува без страв да оди кон Совршенството“.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Не знаевме ништо за партиската идеологија, па сепак говорејќи со јазикот со кој говореа политичарите, учителите, спортистите, уметниците и оние кои го издигаа руинираното стопанство, бевме поддржувачи на правилното изразување во новиот народен јазик.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Легнати во кревет, напрчените ќе ги препознаеш по тоа што јорганот со кој се покриваат навечер, наутро го издигаат секогаш на погрешно место.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Модернистичката структура од стакло и неоксидирачки челик, дизајнирана од токискиот архитект Takahiko Yanagi- sawa, го издига најголемиот јапонски изложбен простор (некои велат, премногу голем) од дваесетина илјади квадратни метри.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Или ќе ги извикаат имињата на другите неродени или дамна мртви и одвеани од ветерот што мириса на вино или на сол или тивките струења што го издигаат балонот или ветерот од хемискиот оган.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)