Свесен беше дека со тоа, а и со своето упорно практикување на новите пристапи во дијагностичката и тераписката практика сѐ повеќе се оддалечува од своите колеги, а пред сѐ од својот шеф, кои сите заедно не само што се каеја дарувајќи го со незаслужени титули и на тој начин го изедначиле да им биде (пак незаслужено) рамноправен, туку и сѐ погласно се обидуваа да го дискредитираат во лекарските кругови и да го прикажат како шарлатан од најдолен тип, кој со вербална вештина се претставува за она што не е.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Сигурно, како самоопишан мажествен геј-маж, Џон и тоа како имал што да загуби ако го изедначат со мажи што се девијантни не само во сексуалните практики туку и во родовиот стил и кои затоа стојат подолу од него на скалилото на општествената прифатливост.77
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Машината, којашто се состои од вртлива полусферична купола во која се насликани серија концентрични кругови во спирален облик, беше сместена во една просторија во Палацо Граси специјално подготвена за оваа прилика; на ѕидовите што го окружуваат делото декоративни фризови од малтер со привлечни теми, конфигурирани во тондо-формати сочувани од оригиналниот ентериер на зградата.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Анаграмот на анаграмот не само што го изедначува животот со Еросот (земен во сите свои многубројни алхемиски и митолошки значења) туку и Еросот со Невестата (сфатена и во егзотеричното и во езотеричното значење), бидејќи Rrose (Невеста) е живот (Ерос).
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Не само што кружниот облик на “Ротирачката хемисфера” наоѓа свое ехо во овие тондо-а, туку и нејзините пулсирачки движења можат да се поврзат со нејзините теми, како што и самиот Дишан во една прилика го изедначи својот интерес за оптика и четврта димензија со сексуалниот чин. (6) Покрај скоро постојаното истражување на темата на сексот од страна на Дишан, зачудува фактот што историчарите на уметноста никогаш досега не го истражувале личниот однос на уметникот кон жените.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Еротизмот му е близок на животот, поблизок од филозофијата или од било што слично.”
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Некои дури се осмелуваат да шират метафори со кои го изедначуваат нивното искуство како жени и/или уметници со малтретирањето на робовите.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)