Јас се обидов престолот Божји да го урнам, да го изместам, средето во кое рамнотежата му е поставена да го поместам; но за тоа кога времето ќе дојде, о, бедни и блажени духом слабим.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Ако некој сака да владее, и да продолжи да владее, мора да биде во состојба да го измести чувството за стварност.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Очевидно е дека повикот на Иванов го измести, го лиши од неговата поранешна сигурност.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Го измести газот поудобно да му улегне на голата земја во окопот пред земјанката каде што седеа, ја положи пушката во скутот и туку ја рече „Кинисав да одам во Костур на гости...“
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Лесни и брзи чекори кои доаѓаат од зад внатрешната врата на одајата, од ходникот, го изместуваат од зглобот на мислите и упатувајќи се натаму, накај вратата, си мисли дека е Параскева или дека е некое од децата.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
ВТОРОТО ДЕТЕ: (го поттурнува првото и поумирено.) Чекај бре, не знаеш да кажеш!... на чешмата, како што си полнеа жените вода, јас и овој (го поттурнува првото дете, кое сака да го измести и тоа да каже) се прскавме, застана и прашуваше каде седи Софре Танески.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)