Тоа најдобро го илустрира лородот Гленконер, раководител на каирскиот оддел на СОЕ, кој во својот извештај до Форин Офис ќе нагласи: „Како што знаеме...секоја активност во Југославија треба со право да им се припише на партизаните, но јас сепак сметам дека нема да направиме штета ако во вестите кои се наменети за јавна употреба, дел од таа активност му ја припишеме во заслуга на Михајловиќ“.31
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Само Орде беше сведок на генералната репетиција за тоа калемење, зашто таа се вршеше меѓу четири ѕида, во сопчето, каде што на масата лежеше книга отворена токму на онаа страница што го илустрира калемењето на засек.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Иако во графичкото изразување не постои ништо што навистина би ѝ одговарало на непрекинатата линеарност (размакот меѓу зборовите, крајот на редот и страницата се нормални графички конвенции што не можат да се занемарат) сепак ќе ви прикажеме пример за линеарно графичко изразување: слика десно Спиралата на карактерите од обете страни на дискот од Фестос го илустрира континуално линеарниот облик.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Ова секако не е истиот начин на размислување што го создаде проблемот.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Оваа сцена го илустрира функционирањето на зборовите во терапијата.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Навистина, нејзините методолошки препораки во нејзината примена на овие проблеми го илустрираат банкротираниот карактер на машко-центричната мисла за овие општи места.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Славниот писател тоа го илустрира со случка од неговиот живот.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Во тие свои калкулации, политичкиот врв на Велика Британија се обидел, ако може, да ги инволвира и Советите во намерата да се формира балкански блок, па дури биле подготвени тој блок да биде под патронат на СССР.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Тоа најдобро го илустрира Халифакс, кој во 1940 година, меѓу другото, ќе истакне дека Британците на Балканот ќе мора да се истегнат "колку што им е чергата".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Како што неодамна рече Пол Вирилио, времето само се пружа/дава моментно низ виртуелноста.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Во таа точка компјутерските фонтови го илустрираат ломот во традиционалното сфаќање на темпоралноста и претставувањето.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)