Илко нацепи дрва за фурната и излезе до кај средсело да види што има што нема, ама една работа го интересуваше најмногу: дали ќе го најде дедот Балета да му понатолче пак да појде до Рожден, белким ќе „м'сне ала" некако да ја заврте господ надесно Рожденката и да се стори себап, да се прожени.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ке се пушти во подолг разговор со своите муштерии, особено со првиот што му ја продава борината и ќе се прави глув, пелтек, глув на едното уше, недоветен, дека слабо го интересува што прават другите Мариовци.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
— Токо сега? — тука Крчо ги крена веѓите за да ѝ покаже на Тода нешто што го интересува, а се наоѓа над неа.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)