Едно време сè беше обично дур го искачува ридот.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Му наредија да донесе железо, штици, камења, греди, песок, кламфи, клинови, вртки и одвртки, синџири, железни плочи, клешти, брутови, токмаци, пили и со сите сили да го искачат на највисоката точка од планината.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
За награда, го искачиле во рајот.
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
На тоа мислеше дури кога трагата го искачи на еден висок срт, дигнат над сите бели шуми наоколу, заздишен и со првата болка во колениците.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Пилотот го проследува симнувањето на лифтот, потоа уморен го искачува последниот кат.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
- Во дамнешни времиња некој овчар си го искачил стадото дури до таа висока ливада.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Но камениот блок е недоработен.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Меланхолијата седи пред својата недовршена градба, окружена со инструментите, седната и загледана така како да се откажува од сѐ, како нешто да ѝ вели дека градбата никогаш нема да биде завршена; една скала е потпрена на градбата, а на земјата покрај долниот крај на скалата лежи камен блок – дали Меланхолијата треба да го искачи, по скалата, на градбата?
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Така си е тоа. И јас сум од село. Си оставив магаренце, па учев како по планињево да го искачам слонов! Ајде!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Што ќе се случеше со човекот ако не беше спремен да се бори за таков поубав свет?
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Господи, сине, ние можеме само да се надеваме дека ќе му појде на човекот од рака да го искачи некогаш на тронот она, поубавото, она што секој ден го повторуваат вашите големци.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Имаш право кога велиш дека еден таков поправеден свет им се укажувал пред очите на оние што биле спремни да ѝ се спротивстават дури и на смртта.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Стиховите кај кои беше подзастанат не ја поткрепуваа надежта, но го закрепнуваа духот: "/Распнатиот не слезе од крстот/ кога му понудија да си ја намокри устата/ Упорноста го водеше за рака/ Беше решен да го искачи и ридот на жедта./ Маре навистина се држи!
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
И слушаме дека на Пелистер врне снег и дека од снегот не можат да го искачат топот.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Идат пак лиферантите, проматарите: - Го искачиле уште десет метри топот, велат, Германците го искачиле уште десет метри, погоре, топот. Ако го искачат до врвот, ништо не ќе се види, велат, ни од вас ни од нас.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Јагнињата на ноктите носат среќа, велам, сигурно Германците нема да го искачат топот.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Радост завладеала меѓу луѓето. Го врзале змејот со синџири и фртоми, ги впрегнале сите волови во селото и го искачиле змејот на брегот, го донесле до големата дупка - сандилија, на која дното не ѝ се гледало - и го фрлиле змејот внатре; ја наполниле дупката со големи камења и ја зарамниле со земја да нема трага од змејот.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)