Стрина Маловица се понамршти и кога виде манџи со расол, со јајца, па кога Доста ѝ рече оти и лимун ќе ѝ нацеди на супата, просто го искриви вратот на страна и се насмеа „подмустаќ“.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Некаква сила го искриви неговото тело до изобличување и бавно му ги раскинуваше зглобовите.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Вложи голем напор да се исправи во седечка позиција и успеа само болно да го искриви телото.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Во тој период започнува и пресметката со ориентализмите кои со векови биле дел од балканските јазици.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Балканските народи во векот на падот на Османската Империја, заедно со клучните европски сојузници, не престанаа во историографиите да го искривуваат и сопственото османско минато.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
САЗДО: (Замавнува со раката, го искривува лицето, како да сака да чкрта со забите.) Сеедно, ти тоа не го разбираш, мој Сане.
„Го сакате ли Дебиси“
од Лазо Наумовски
(1973)
Го кажа како да кажува нешто многу тајно и лицето загрижено го искриви, како да е возрасна.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Помина сестра ѝ на Бистра и почна нешто да дрдори.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Брзам да го разградам домот на мирните зборови Но кој е зборот што ќе го искриви привидот во огледалото?
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
На сличен начин, преведувањето може да се посматра како еден оживувачки оператор на diffѐrance, како еден нужен процес кој го искривува изворното значење додека истовремено открива една мрежа од текстови кои и ја овозможуват и ја спречуваат меѓујазичната комуникација.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)