Дедот поп го ислуша коџабашијата и рече дека и тој одамна размислува, а кога, ете сега, тие сами го поткреваат тоа прашање, тој реши веднаш да им ја исполни желбата и да им го покаже својот наследник, на кого мисли да му го остави своето духовно стадо.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Доста го ислуша внимателно и многу се зачуди на зрелите зборови од вака младо, дури може да се рече и зелено, дете.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Мирче со особено внимание го ислуша Толета и ја одобри постапката.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Толе го ислуша Ѓорѓија и многу мило му дојде кога слушна дека не е сам во својата омраза спрема беговите и агите.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Толе го ислуша внимателно Мирчета, но бидејќи не ги познаваше ни бравите ни овчарите, му предложи самиот Мирче да учествува во акцијата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Толе го ислуша убаво, убаво, Тодора и му рече: — Како би било да му бидеме и ние госје вечерва на чорбаџи Сивета?
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Дончо, дедовото внуче! - му викна дедо Петре на своето деветгодишно внуче. - Повели, дедо? - се огласи тоа.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Гоце мирно го ислуша соопштението за исклучувањето, се сврте налевокруг и со светнато лице и радост го напушти јункерското училиште.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Имав трпение, преку преведувач, да го ислушам секого и да го запишам секој нивен збор.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Авторот го ислуша и несигурен дека со пребарување по својата меморија за она што го чу ќе се снајде, побара келнерот да му го донесе списокот на јадењата. Ако го имаат.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Анѓа и сега гордо ја исправи главата и внимателно го ислуша додека зборуваше тој.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Меѓутоа, во полициската станица доктор Миха се талкаше од шалтер до шалтер за да ја погоди канцеларијата, еден цивил го зеде под рака и го одведе во еден агол, каде што докторот притиснат до ѕид го ислуша иследникот.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Но командирот е мртов ладен, куклено мирен, како егземплар во излог - го ислушува без коментар, го отпушта без сочувство и се враќа на својот недојаден и веќе оладен бурек.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Откоа го ислуша воло овчаро, се позамисли малце и му рече: - Доколку што ми ваќа умо мој, овчарко, ќе ве пресудам, ама ат'р да не ти остани: вие луѓето ич чоештина немате, у вас милос нема, ни на ѕвероите, ни на гадоите; исав у вас нема.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Откоа го ислуша магарето овчаро, си позавртело глаата и си поиздуало носот, та му рекло: - Слушај ваму, овчарко, лели за право ме прашаш, и јас прао ќе ти пресудам, ама ат'р нема да ти останит.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Во молк го ислушав раскажувањето на сега осумдесетгодишната и некогашна партизанка на ДАГ, која неочекувано, со горчина во гласот, ме праша: - Како ли да го наречеме тоа време на кое често му се навраќаме во нашите спомени?
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Потоа помисли на сите со кои некогаш имал разговор, но знаеше дека никој од нив не ќе го ислуша со толку срце колку што му требаше нему.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
и полковиот му рече освобождавам те од обвинението, откако го ислуша, за петнаесет дена ќе добиеш и решение, и Ристе се тргна, отпоздрави и се тргна, и одат после други, и којзнае што ме дупна и мене, и јас ќе одам ќе прашам, што ќе стане со Македонија, велам, Македонија е долга и широка, ми вели полковиот, и за Македонија одговор сега нема, одговорот е во вас, во сичките нас, благодарам, му велам, коњите се тепаат, а магарето го јаде ќотекот, покорно благодарја, велам, и как се казваш, Мирче Мегленов и ме запиша, мајчето негово, и после ротниот секаде мене ме праќа: во извидници, кај што студи, кај што е калливо, кај што главата ти е пред куршум, и еднаш со Стевана нѐ пратија кај окопите англиски, 124
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)