Види, ваа есен шесседум свадби се сториа, на петте он беше клинкач. My иде од рака на човекот, си го испекол занаетот; и ако и е за мажење на жената и ако не и е, тој ќе а маѓепца и, еве ти, попе Трајко, свадба, еве ти лиричка, врангичка, а негде, лебами, и по дветри.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ти, ете, си си го испекол занаетот со перото во раката, си го вадиш лебот со седење, та коа е таа сиромашка шо не ќе дојде кај вас рает да трга?"
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
А кутрата, направи с како никогаш досега, да го меси и да го испече највкусниот тикуш во животот.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
И додека овчарите спиеја и сонуваа како ги тепа Велиага, што не ги пасат убаво бравите, Мирчевица го испече лебот и зелникот, a Толе со другарите ги прегледаа пушките и направија план за работата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Околу Мученици се пораспарталија облаците и се прозаби небото за да може да се пробие некој и друг зрак од пролетното сонце. Му се израдуваа тие што останаа живи и излегоа крај ѕидиштата да ги затоплат измрзнатите коски и да ја поискашлаат кашлицата што ги нападна уште пред два три месеци.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
А за тоа требаа дрва, кои селаните со своите гладни и мршави магариња не беа во состојба да ги донесат ни лебот да го испечат, та остави за греење.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ова исчезнување може да го долови само врвен “МАЕСТРО”, уметник кој го испекол своето олово... а за ова ретко доживување треба и да се плати... во банална материјална противвредност, во топло и искрено воодушевување, во натура од најразличен тип... во сѐ она што му овозможува на уметникот и понатаму да лута со своите пингвини...
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Потоа жената си се прибираше кај другите жени и си бараше чаре тоа што го донела да го испече, во огнот да го стави во чинија и пак на домаќинот да му ја принесе за тој на друг да ја подаде и да почасти.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
ТЕОДОС: Знам што. Ама нејќам да знам.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
ТЕОДОС: (Ја пресечува.) Гледај побргу да стаса ручекот, по ладот да го донесете, зашто ако биде доцна, сонцето ќе го испече зелникот, кремен ќе го стори.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Ама што го испеков занаетот.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Чекај без гајле, стари Циганине.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Девојче, врашко, девојче, Ај, да ни месиш кравајче, Без вода да го замесиш, Без оган да го испечеш И веднаш потоа со својот топол глас одговараше Калешата: Терзии, браќа, терзии, Јас ќе ви месам кравајче, Низ трепки ќе го отсеам, Со солзи ќе го замесам, На гради ќе го испечам...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
- Целото! - задоволно воскликна мајката - Прво го исчисти, па го исече, па го истепа, па го зачини и на крај го испече.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Јас нема да бидам жива целиот ваш живот, - како на шега рече таа и ми го сврти дебелиот бел тил.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
- Житото го испекоа за кафе Германците. - шеговито потфрли Евто.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Еднаш или двапати во неделата сукаше зелник и кога ќе станев, тој веќе го испекол а јас ќе го најдев уште под вршникот, топол, за да појадувам.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Ако немаше време да го испече, кога ќе тргнеше на орање, на уво ќе ми шепнеше: Анѓе, малку попосле стани, не успеав да го испечам лебот, ќе одам на орање.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Секоја куќа била должна да му дава по еден печен вол на ден за да јаде; кога дошол редот на Чулко Заумко, тој се послужил со итрина: го испекол волот и го премачкал со отров што го собрал од многу отровни змии; кога змејот го изел волот, се отрул.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Потоа го обеси јагнето, го одра и му го даде на Оруш да го испече.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)