го (зам.) - истресе (гл.)

Би сакал да станам и некаде да одјурам, да се растрчам низ селово и сѐ ова што ме мачи да го истресам некаде. Но постелата ме држи како закован.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- А, - се насмеа доктор Коста. - Па тоа е некој градски збор. Го истресов онака, без да мислам.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Јас ни пет пари не давам за него! - рече старецот, па сè уште кашлајќи, го истресе лулето.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Па крупни планови на: замавнати копачи, полни лопати, претоварени колички, трупци со држалки за набивање на замјата, сврдли на дупчалки што ги дробат карпите и камењата, дигалки што заграбуваат од почвата како коњштипи, камиони со подвижни вагони што го истресуваат товарот како од превртен џеб и раководителот на градбата, како во џипот на филмската екипа, не седнат ами стоејќ и, со минерски шлем место со својот качкет од јагнешка кожа, ги надгледува работите под негова команда.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Асан-бег го истресе чибукот и му рече на дедо: - Е, дојде време да си одам.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Гледав во она што го имав земено – пред мене лежеа бебешко капче, пелеринка, чевлиња големи колку палец.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Потоа, кога отидов да платам, и од торбата го истресов она што го бев собрала, Клара ми рече: “Ти сакаш да станеш мајка.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Мечката уште веднаш го имаше исфрлено од себе неговото јарче и стоеше свртена кон него, а по сртовите се расцепи еден таков див вресок, од чијашто болка чиниш и дрвјата здола го истресоа тешкиот окит.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Испил еден чибук, го истресол љулето; пак наполнил љулето со тутун, му клал ќебапот згора и го зачурил.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Ама бикот ќе ја занишаше главата и ќе го истресеше венецот од роговите. Волот си е вол. Да разбираше повеќе не ќе влегуваше во јарем.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе го подистресат трнот од снегот и ќе збираат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе вртиш цел ден околу стожерот, ќе цапаш низ населените снопје дури да го истресиш зрното, да ја изџвакаш сламата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
За на домаќинот никако да не му падне на ум да го задржува, тој тивко се извлече од собата, си го пронајде во претсобјето шинелот, и со жал виде како лежи на подот, го истресе, го симна од него секое конче, го наметна на рамената и по скалите се симна на улица.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Знае дека тоа се машки работи, дека нејзината нежна конституција одвај тоа ќе го поднесе, само во тоа може да има и надеж дека во некоја прилика ќе го истресе црното семе од себе.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
И таа, како јас некогаш, ги барала страниците со специфичните белези, бидејќи Татко, задлабочен во читањето, заборавал да го истресе пепелот во пепелникот којшто Мајка го оставала пред него и го потсетувала на него.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Трајче одвреме-навреме ќе застанеше, ќе го истресеше песокот од искинатите опинци и пак ќе продолжеше.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Горе, меѓу нивните врвови, завива ветрот, го истресува снегот, крши гранки и стенка меѓу дебелите стебла.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
„Ќе се истргнам и од овој мрак, ќе го истресам правот што овој пат и на овој пат легна врз мојов шинел, ќе се истурам на широк мегдан, ќе исчекнам и не итаница, ами полецка ќе стигнам онаму кај што ме чекаат другарите.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ги испитува со поглед, бозата и ја пипна (па го истресе прстот), но не сркна ни голтка.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
- Види го, се стиснал како лешник. Пред нашите едно лице, пред странците друго.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Подувна ветер, ги разниша гранките и го истресе снегот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Почувствува жед. Го побара ранецот. Покриен е со земја. Го истресе и го извади пагурчето.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во начинот, на кој го зема хероинот со острицата на ножот и го истресе во раката, имаше нешто свечено.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Шишман дури тогаш, откако својата матарка ја стави в раце, туѓата ја преврте и го истресе камчето од неа.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
И откако го истресува гостинот од снегот како што се тресе нежно дрвце в бавча, се свртува Танаско и на слабата светлина го забележува вчудовиденото лице на Пелагија и како што ја открива неа и потаму крупната снага на Чана, така и гласот му папсува Скап гостин,Пено мори, скап гостин дур уд Вујвудина, уд Гакову...
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Танаско како одвај да ја протурка својата снага низ вратата, покриен со дебел слој снег што го истресе внатре во одајката, влезе со грбот а не со очите, оти гласот и очите го водеа гостинот Бујрум у нашта кујќа, место коуку милуваш, уште тоуку може да собере! и ѝ се обраќа на својата жена без да се заврте, сега тресејќи го снегот од гостинот Пено мори, устрау да те удри, пули кој гостин ти носам!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)