го (зам.) - истури (гл.)

Од уметност во Македонија неможе ни да се преживее!! –викаше тој како да сака да го истури насобраниот јад од неколкудневното разочарување. –Добро, те молам смири се, не е се во парите.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Зарем Чанга сам молзи стотина кози или козите сами млекото го истураат во поточето?
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Стопанот на кучето, кога виде што се случи, почуствува бес ама не знаеше каде да го истури.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
А кога помалата почна да се мочка в постела, а потоа и да прекинува во говорот, да тревлива, обвинувањето, на деликатен начин, го истури на мене.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Содржината од едната епрувета веднаш ја истурив во веќе измешаната и приготвена International Postal Art Soup, додека содржината од другата епрувета си ја истурив себеси в уста, а потоа со помош на системот уста на уста содржината му ја предадов на Lazer, од што овој „воскресна”, застана на масата, а потоа го истури црвеното вино врз масата цитирајќи познат дел од библијата: Јадете, ова е моето тело, пијте, ова е мојата крв.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Изминале педесетина години од тој ден кога дедото го истурил розовото масло на килимот, но мирисот и ден денес не се изгубил...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
„Ете ти две среќи" — си рече сам со умот, — „ем ќе правам ќефот на валијата; ем ќе лапнам некоја и друга лиричка", та го удри Јована по рамо — дури филџанот со кафето му го истури на масата. .
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ако си малку од малку среќлија, ќе се сликаш со некоја Викуња и на сликата нема да личиш на суров ловџија што си го истура бесот врз недолжни животинчиња.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Таа го зеде песочникот што дотогаш го полнеше со пердувчиња и воздух, го истури и го наполни со пудра, вештачки трепки и други ѓубренца.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Бојан го истури ведрото со млеко во кацата, си ги избриша рацете и му се обрна на старецот: - Денес, дедо, веќе нема да ти требам?
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Загреаниот, раскашавен леб, го истури во една копанка и ги намами кучињата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ги испреврте сите кантички наопаку да им истече сета боја на подот, ги шутна ќупчината со четки и шпахли да се скршат на парчиња, а овие да се растурат како чкорчиња од фрлен кибрит, го истури терпентинот по сопствените стапки или стапалки што се ширеа од ногалките низ ателјето, како бранови што се губат од потонатиот камен, лежеше на тврдиот миндер покрај голата софра и ѕуреше во колското тркало, од кое беше направил солунски лустер, а сега висеше само како колено од скршена кола.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ја зеде нејзината полуполна чаша и го истури виното во саксијата со цвеќе што беше на первазот од прозорецот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Неговата рака благо го допре филџанот со теглата со шеќер, и со мерицата за шеќер, која преку малото олуче го испушташе шеќерот, во кафето го истури и фактот дека тој беше сопруг што беше изневерен.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Неговата подлактица, што беше без влакна и несмасна, се спружи преку полираниот махагони и со раката што беше искасана од пчели ја стави чашата под носот на Даниел, Даниел го истури вискито в уста и со јасно и заповедничко чкрипење ја стави празната чаша на масата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
И затоа јас од него се плашев: се боев и двојно повеќе, оти не го сторив ни тоа дело; мастилото го истурив зад семинаријата, а нему му реков дека сум сторил како што ми заповедал.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А ти, другар Ѓурчин потоа мисли му ја каде ќе ја сместиш таа навалица и каква работа ќе ѝ понудиш.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Низ каков сѐ чакал, плевел и горчливи мирудии се провираат водите на животот, и какво сѐ зелениште во него не вирее!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Живот со многу, многу случувања, а сите потсетуваат на утринскиот воз што го истура она селско шаренило кое уште пред да бувне од станицата веќе знае дека треба да се вгнезди и век да векува овде, во градов!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Инспекторот Голомешев дискретно се накашла, се извини што пречи, и го замоли Маестро да ја реши загатката – Хорацио се поднаведна, го истури стомакот и проговори: - „Па људи, то вам ја так лако! Шопенов прелудиј!
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
- Силен тресок на печатот врз картончето, небаре незадоволството го истура врз него.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
За себе имаше само уште неколку чашки чај, во кои го истури сиот преостанат шеќер и повеќе ништо друго.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Сега, кога беше посигурна дека е подалеку од дофатот на Младен, на Ружа ѝ се укажа можност да го истури целиот свој гнев.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Се вратија во осилото, каде трите оси беа готови да го истурат својот целолетен натрупан бес врз Рада. ***
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Светлана влезе со нарамокот и со тресок го истури во сандакот до шпоретот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ќе го истурат бесот врз нив, врз мршојадите, јали врз воларите, воздивна Дамче.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Мешинот се наполнил, го истегнал горе и со сета сила го истурил на главата на џинот.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Се симнал робот и со јажето го врзал.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Ќе ја подзавртат главата и ќе ми го истурат млекото.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Баси му мртовците, вели Гоше Љубин, овие ќе ни го истурат котлето. - Кое котле, велам јас. - Тоа со бакрданикот, вели Гоше Љубин. Се насмеавме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Пред да ја угаси ламбата и да се седне уморен во фотелјата, нежно го истури купчето пепел на дланката и тивко кажа еден збор. Розата се појави.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Лембик (Alembic), од арапски al-anbīq, алхемиски сад за дестилација, од којшто подоцна се развила ретортата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Не знаеше што е тоа што го натера да го истури овој порој од ѓубре.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Те сакам ваков,” ми рече. „Те сакам облеан во студена пот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Во мигот кога пивото сè уште исфрлаше облаче свежина низ елипсастиот отвор, Ема ми ја зеде лименката, ме фати за косата на тилот, ми ја повлече главата наназад и пивото почна да ми го истура првин по челото, потоа по образите и надолу, по вратот и по градите.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Усните ѝ потреперија, потоа ги гризеше, а бесот го истури со удирање на масата со тупаница.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Се врати со брзи чекори до масата, го грабна шишето со ракија и си го истури во грлото.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Го истури во масарникот, и таман да излезе, влезе мајка и.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Да ти се живи, вековити, некој к'смет господ да му даде, да се пофалиш со неа! — и најпосле пред самиот праг на вратата последниот благослов го истури на Крстева сметка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Го јавна коњот и удирајќи го со петиците по мевот го истури сиот бес на него.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
На еден камен се сопна, падна и го истури млекото: „Пусто кукало!- свика таа. - Затоа што беше малку, се истури.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Качамакот беше готов. Мајка му го истури на софрата.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Евто зеде една штица, ја избриша и го истури качамакот на штицата.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
А денот пак се буди надоаѓа и расте чиниш се буди воденицата и некој го истурил јазот по камењето.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
А потоа го зеде речиси полното шише пиво и го истури на својата глава.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Еднаш Катерина дотрча од бањата врескајќи. Беше избезумена. Дури на креветот се качи.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ги измив и прстите што не беа во завој а потоа бокалот вода што го истурив врз згазените лебарки ги одвлечка во канализацијата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Неговата маѓепсаност од надареноста на мајка ми, особено во кулинарските вештини, ја имам забележано од поодамна, всушност од оној ден кога по конзумирањето на убавото парче од Пасхата што ја беше приготвил татко ми за Воскресение, Лев Петрович очигледно задоволен од вкусот на празничниот колач изјави дека некогаш некој ако предложи да се постави или да се изнесе на пиедестал она што е најполезно и остварува највредни резултати во секидневието, тој без двоумење ќе се заложи тоа да бидат рацете на жената што умеат да создадат толку многу вкусни јастија наспроти трапавите и секогаш лошо приучени мажи кои на животот и не му прикажале ништо друго покрај она нивно необмислено незадоволство што неконтролирано го истураат насекаде околу себе.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Тогаш со трчање се врати назад, го истури кошничето и излезе со празно кошниче надвор.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Ќе го истуриш шишето во топлата вода, ќе брцнеш со рачиштето два-три пати и целата вода ќе се претвори во сапуница. Густа како најгуст бел облак.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Знаеш колку е лош. Сакаш ли на мене да го истури бесот заради тебе?
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Почна да ги врли очите уште повеќе и одеднаш како што го држеше шишето дополу со вода, го преврте и го истури.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Најпосле се реши. Го зеде бокалот од масата, замижа и го истури врз главата.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Брзаше да го истуриш срцето на белиот чаршав пред да те легнат на него пред да те пренесат по калдрмата и да те качат на високиот чардак таму негде во штипско Горно маало на улицата за која никогаш не беше слушнал Бидејќи никогаш и не слезе на земјата Бидејќи засекогаш остана седнат на коњот што бавно ја минува бескрајната степа на Кубан* Тој недооден пат Таа најдолга тажачка што некогаш сум ја слушнал
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
___ * Реки во јужна Русија ин а Кавказ
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
РОЗИТЕ НА ПРСТИТЕ НА АКСЈА
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Потоа се протегна и го истури наназад задникот, а меките гради нанапред.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Кој го истури првиот камион смет некаде на ова место.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
По неколку чекори подзастана, го истури во дланката на раката.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)