Пак погледна во часовникот и се изненади од неочекуваната идеја дека Мануш, недораснат за вакви акции, се лизнал низ сенките уште пред да го опомене со свирење и го оставил да го исчекува изгревот на сонцето.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Месечината беше пред мена и, во својата последна полноглавост за тие летни мигови, го исчекуваше својот необичен познајник за весела игра од која собата мирисаше на пресно ископан гроб.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Само така, беше убеден, а не со бадијалџење, сите треба да го исчекуваат Неговото враќање, оти и самиот Исус не беше скитник и безделник, туку столар, поучен на занаетот, како и тој, Павле, од својот земен татко.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Само тоа ги интересира – кај мрднал претседателот, кај прднал министерот.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
А-га-та. Агата – свечената белина на паузата го исчекува следното прашање: Колку деца имал Самоил? 8,30 – 9,15: Мики е сè уште во вода до колена, со цигарчето што чади, а не се смалува.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
И сеќаваше како станува сѐ поостер со своето приближување, оној миг, што го исчекуваше.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Можеби е тоа жедта кон промената. Онаа иста жед со која жителите на Градот на постојаната есен го исчекуваат избивањето на лисјата, иако лисјето се раѓа жолто.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Не ја гледаше публиката, но сеќаваше дека е многубројна, дека го исчекува.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
И пак стрелал со своите четири пушки стискајќи секакви крпи врз раната и со матно сеќавање на мајчините прикаски за араратски осаменик што со своја крв поел некаква земја што можела да се протега и во Библијата и во Коранот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Стрелците и измеќарите се повлекле со утрената светлост, да спијат или да пијат и да го исчекуваат умирањето на побунетиот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
ЛУКОВ: (Го испраќа, го исчекува да излезе и дури потоа се враќа.)
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)