го (зам.) - крепи (гл.)

На челото е умот (Отецот), значи, со здрав разум, во срцето е црквата, домот на Синот, значи со здраво, чисто срце, десното рамо е силата (Светиот Дух), значи, со цврсти раменици, тој да ни ги крепи рамениците, да бидеме исправени, зашто рамениците ни го крепат целото тело, и на левото рамо кажуваш Амин, нека биде така!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
И двете нозе беа достатно дебели за да можат да го крепат и носат ова џиновско тело.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Зборот, само игра на случајноста или трагач по загубениот поларен свет: помеѓу јатата ситни птици на островот на смрзнатите водопади, со патишта што треба да се изодат пред да станат проодни А сонува Атлантиди во ѕвездениот архипелаг Зборот, раскрилен бран што срчено ќе го крепи Ноевиот ковчег во водите без граници Или само фрлен зрак врз твоето мрачно лице што не знае каде спие, кај се буди, А сонува Атлантиди во ѕвездениот архипелаг Зборот, потоната надеж и измолкнат крик од молчеливите води.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Од двете оружја се слушна пукање, и сетне два куршума со пискот зол излетаа, барајќи месо: едниот го сретна, и Кузман сети силен бол во рамото, кај одлево клучницата со зглобот лопатниот го крепи дел; а другиот во правта закачи, свирејќи злобно но без да сретне жива цел.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Многу од тие видеотеки во Сиднеј и во другите геј-урбани средишта досега веќе пропаднале: оној вид на општествено учење што некогаш го крепеле, сега го презеле интернетот и неговите страници за друштвени мрежи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Синот на другата страна од лакот, и тој сводот го крепеше. И молчеше, растреперен, тажен.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Македонија го крепи Урошевиот престол и македонскиот големец крал Волкашин е главниот советник и десна рака на Уроша.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
ПОП ЈАНЧЕ: Господ да ми те поживее и здравјето да ми ти го крепи, толку.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Стегнал опинците к'сметот и трештил да го бара умо, за да го моли да го поткрепит итој како што го крепел тој.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Сега лели бил умот и к'сметот да го крепат момчето, знаит како да му даит тоа џуапот на царот: - Честити царе, јас што је удрив три трешници на ќерка ти, си имав прао, чунки имав насиет од татка за коа ќе се женам: во првата вечер да је удрам три трешници на невестата ми за да паметуат коа се мажила.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Ете, тоа беа трите трешници, честити царе, а не оти ја неќум ќерка ти и не ја дексав.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Море, аман, бре побратиме, ела да го поткрепиш и ти момчето, оти пред царо за страмота ќе се сторит.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Едно Босанче така ни се откина од рацете и трча право кон бугарските окопи. Трча и паѓа. Не го крепат добро нозете.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И земјата не го крепи топот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се поохрабруваш пак, нешто те држи сепак ти го крепи духот, тие веќе некако ќе ти го одредат талентот, знаат тие, проклет да бидам, знаат, знаат кој колку пари чини.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Го разгледаа камениот иконостас, запалија свеќи, Миклош се крстеше и метанисуваше, и тогаш синот на Пајко го втренчи погледот на ѕидот, каде што беа претставени Волкашин и неговите два сина, од едната и од другата страна, како го крепат, небаре две крилја на неговата изнемоштена става.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Знае дедо попот да каже зборови што ќе се паметат, што ќе го крепат народот крајезерски.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Погледот на Костадина е тврд, го крепи таванот од одајчето, го крепи и го поткрева сѐ повисоко и повисоко мислиш секој миг ќе го откорни од ѕидовите туркајќи го лево или десно за да може светот пак да влезе во неговите очи.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Здравјето и умот господ да ни го крепе на сете во куќата. Сега, од бога здравје.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Таа ќе го води танецот, а Доста до неа ќе го крепи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И Грција нека не затвора бесно, и нека ги граби, и пцуе, и гони паталците наши во кралството тесно, што плашливи само го крепат евзони.
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
Го крепеше под мишка да не падне и издивнуваше очаено: „О господе, што е ова што ме снајде...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Крајезерските врби како да ги благословил господ: растат со корењата згора над земјата, како прсти од раширени педи, како корали разметкани на сите страни, впуштајќи се најмногу кон езерото, пикајќи ги во него ситните главички на своите завршоци и не делејќи се од него како цицалчиња од мајка си; оние коренчиња што се од другата страна и што не достасуваат до езерото, се нуркаат во сувата песок, се извиткуваат како црви, и така во грч умираат и се сушат; покревките при згазнување пукаат, се кршат, а поцврстите се превиткуваат, се опираат, се чипчат, чиниш, некоја невидлива сила им дава моќ и им го крепи животот.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Лека полека, неосетно, влегуваат и приказните на бабите коишто, искрено речено, најсилно ми го крепат љубопитството и ми ги вардат очите од пролетни алергии а и од други уроци.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
И веќе се на железниот мост. Сребреното платно на реката се расчеснува од столбовите што го крепат мостот.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ќе се качи едниот на рамената од двајцата, ќе го исправат тие до таванот и ќе го крепат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)