Го легнаа на креветот во неговата одаја во јужното крило на господарската зграда и уште еднаш не се креа; по цели ноќе и денови кашлаше и со кашлањето исфрлаше и крв. Набрзо по Велигден почина.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
По извршената операција Јане го легнаа во друга одаја.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Тие го заклаа... како јаре... го легнаа и ... - покажа со рака како го повлекоа ножот.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Кога го легнаа на земја, тој почна да вика: - Вода... Вода...
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Телото првин го измија од земјата со водата донесена во котле, потоа го легнаа во приготвениот дрвен сандак искован од груби штици, и сандакот го заковаа.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Чучук-Андреј запелтечи дека и Онисифор Мечкојад е избришан од дружината.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Борис Калпак го легна дното на пушчениот кундак врз штотуку отворен мравулник и рече дека ќе го избрише од дружината кога ќе му ја остави главата на камен да си играат со неа ноќе лисици и лисци, да ги учат малите лисичиња како се глодаат коски.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Две сестри го подигнаа завитканото и го легнаа на креветот.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Го зедоа тие тогаш тоа чичето во својата куќарка во Прилеп, го легнаа во едно кревуле, повремено де едната де другата навраќаа во одајчето со рака да го продрмолат меѓу нозе и да му ги замазнат преостанатите бели влакна на главата, ама повеќето, зашто самохрани жени, бркаа работа.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Кога го легнав убаво, го изнесовме со жената надвор тој котелот со зовриена вода, и додека уште беше жив го испопаривме со горешта вода.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Зашто јас него кога го зедов, кога му дојдов во куќата жена и домаќинка да му бидам, јас веднаш си го легнав умот на брашното.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Македонците со стрела во телото на Александар го легнаа наземи.
„Еп на Александар Македонски“
од Радојка Трајанова
(2006)
Го внесовме некако со Уља, со јатрва ми. Го легнавме.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)