Трескотеше потавмина продолжувајќи да го меле стаклото. Притоа и тој веќе врескаше некоја своја нечујна исповед.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Ноќта го меле огнот. Од нејзината црна челуст прскаат искри.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Ова тврдење постојано методски го мелеа и сѐ повеќе распалуваа колективна омраза кон човекот за кого сме пееле песни, сме го славеле и за земјата која прва ни подаде рака, нѐ хранеше, нѐ вооружуваше и ни ги лекуваше раните.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Момчето се наведна, зграпчи снег, па силно почна да го гмечи, да го меле меѓу дланките.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Во својот мозок постојано го меле целиот свет, од дното до врвот.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Во секоја вистинска песна на Абориџините има макар еден блесок на комета, има и оптегнати тетиви од кои како стрели фрчат сеќавањата, има и клисури во кои не се слуша како градските саати го мелат времето, а секогаш има и по некоја јамка за ловење на дивата месечина и друг дивеч.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Денко го стави листот в уста, почна да го превртува со јазикот, да го меле со забите и да го криви лицето. - Ха, не ти се допаѓа?
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)