И што му останува на, така дотераниот театар, освен да наоѓа замерки на „кибицерите“ на оние што го меркаат со одважност на искусни мажја, па онака, поради ефтина забава му нудат партнерство.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Го ѕиркав, го меркав внимателно и упорно нарисаниот, ги врзав зениците врз неговата лика и, за прв пат, забележав дека таа лика не е светител, дека нема знак и белег како останатите светци.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
А тука, уште во подготовката, секоја етапа е преполна со впиени слики: месарот што во бела престилка го мерка рибичот кај кичмата, па вели – „земете го подобро, газда Павле, бутот, преседен е само ноќ“; потоа, месењето леб „на помеко“, со топчиња тесто што дебелички и масни се распоредуваат по обелената површина на масата, за повторно да се спојат во сладострасна, леплива прегратка; додека тестото стасува, месото, во коцки, се брашни со црн пипер, црвен пипер, сол; Потоа боцкањето – топејќи ги прстите, дедо во тестото, сјајно од свинска маст, издлабува кратерчиња за да го смести месото; потоа, на тепсија, во рерната, пастрамајлијата се крчка, бабри, воздивнува.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Сандри слушна за ѕидиштата што го заштитувале градот на Марин Крусиќ од сите страни, ѕидишта и кули; за непријателите, особено за Млетките кои алчно го меркале богатството на оваа република; слушна за кнезот и за слободата што секој дубровчанец ја чува како нешто најскапоцено, за поетите и писателите што ја величаат и што ѝ ги посветуваат своите творби на чист словенски говор, исмевајќи ги оние што лесно ја продаваат... за водоводот, изграден пред стотина години; за болниците-лазарети; за првата аптека отворена уште пред скоро двеста години...
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)