Сѐ се одвива како западниот поим за говорот (во она што, отаде неговата повеќезначност и тесната и проблематична спротиставеност на зборот и на јазикот, го врзува главно за фонематската или глосематската продукција, за јазикот, за гласот, за слухот, за звукот и здивот, за зборот) денес да се открива како маскирање на едно првично писмо5: пофундаментално од она кое, пред ова пресвртување, се сметаше за прост „додаток на зборот“ (Русо). okno.mk | Margina #11-12 [1994] 51
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Устоличувањето на писмото е устоличување на играта; играта денес се препушта самата на себеси, бришејќи ја границата од која, како што се веруваше, може да се регулира кружењето на знаците, повлекувајќи ги со себе сите успокојувачки означени, редуцирајќи ги сите утврдени места, сите засолништа вон играта кои го надгледуваа полето на говорот.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Затоа оваа поезија е неуморна: сето време, без престан, го надгледува претурањето од мислата во јазикот на своите говорители и чека „инцидент“ сѐ дури самата не стане тоа што го чека: инцидент меѓу мислата и јазикот чијашто разврска мора да биде во интерес на мислата, што значи јазикот треба да се шири и да се растегнува, постојано да се долева и полни не со водата на Едното, туку со водата што се исушила не сакајќи да се прелее во Другото.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Задачата на поезијата на Анте Поповски беше и овојпат е, не да го надгледува претурањето, ами да го демне капнатото, подлижаното, да го најде и да го прибере загубеното, да му го врати побегнатото на јазикот, сето она што тој може (повторно) да го прими.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Доволно беше дека таа го надгледува.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Камилски и Паскали по ручекот се најдоа во хотелот да го надгледуваат пакувањето на книгите во три големи сандаци од страна на двајца хотелски работници.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Но кога на титлата, богот на подземјето се појави како Хејдис, ќерка ми Лара реагираше: Тоа не е вистина! Каков Хејдис? Тој се вика Ад.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Севидечкото око го надгледува градењето на Novus ordo Seclorum.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Кипров како влегуваат и излегуваат во магазинот, и полицијата, сомневајќи се во нешто, во својата намера да види, да провери, го открила каналот; второ, и најверојатно, извештајот на Кипров за положбата на каналот (Кипров бил испратен од Софија, од Мерџановци, во Цариград да го надгледува магазинот) испратен до ЦК на Револуционерната организација во Солун бил запленет заедно со апсењето на Татарчев, Матов и другите подоцна дешифриран, и така тајната на атентаторите откриена.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Високиот снег значеше само едно олеснување: добитокот не можеше да оди подалеку од потокот, Бојан не мораше да оди да го надгледува и да го собира.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
По погребот, Лена, снаа му, остана таму, да биде некое време блиску до мртвиот маж и да го надгледува, како што вели, уредувањето на гробот што мене ми го даде.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Само еден, некој Јаков Иконописец што ќе останел да го надгледува довршувањето на водениците, движен од исконско пијанство во себе, можеби со заткарпатска медовина во крвта, без причини се обидувал да запее.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Дури и оние неколку тажачки, жени стари како желки и до нос во црно, секогаш готови над туѓ мртовец да ги споменат своите покојници, без допир една со друга и секоја со свои претчувства, стоела во јато, птици што чекаат ветар да ги однесе некаде во топли и богати краишта.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Бидејќи вон сезона, тој навечер се прибирал во селото, а само дење го надгледувал манастирот со црквичето и конаците, колку што можел.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Можеби ќе беше најсреќна што порано да се вратам, да ги споделам последните години на нејзината осама.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Како да бев и јас во залетот на кривата на мојата дипломатска амбиција, макар што бев свесен за лимитираната улога на амбасадорот, со кого вешто раководеше Централата, а го надгледуваше семоќниот шифрант Петар Иваз!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Се разбира посакав уште веднаш ова мое откритие да му го соопштам на иследникот Роман Гигов Грофот, но тој, задоволен дека успеал да ме предизвика, изигруваше некоја чудна неприсутност.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Како да присуствувам на час по географија на кој професорот изведува чудесни нагледни експерименти во кои цели континенти ја менуваат својата местоположба, а јас како повластен претставник на некоја непозната организација ја имам таа чест да го надгледувам извршувањето на овие големи преселби.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Перцепцијата е подрачје на мозокот што го надгледува нашето „ЈАС“.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Хоризонтот да го надгледува
низ лажно темниот процеп, насамо.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
За штета од опасен предмет одговара неговиот имател, а за штета од опасна дејност одговара лицето кое се занимава со неа (чл. 160, ЗОО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Наместо имателот на предметот, и исто како тој, одговара лицето на кое имателот му го доверил предметот да се служи со него, или лицето кое е инаку должно да го надгледува, а не е кај него на работа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)