Се сретнавме со Роза, а потоа и со Стефан Јанков и договорот беше во ред до денот во кој првиот приватен театар го налегнаа финансиски тешкотии.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Ама мамо – ѝ велев, јас го налегнав, знам, а таа ми подвикна со висок тон: Како што ти велам така ќе кажеш!
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Мислам дека Ѕвездана го гледам, велам, кога го налегна, кога силно му натежна болеста.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
— Море, шо му се плашите, ослепаго, на еден стар дркул; ќе го налегниме како вол, — им влеваше кураж Бешот на другите селски војводи, псуејќи го стариот мудур, Арсланбеја со кого беше долгогодишен пријател, како коџабашијата Трајко од Витолишта.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Досада го налегна од тој надурмен небосвод што се точкаше во облаци и темничиште.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
— Ќе залачкаат нивните, ќе залачкаат и нашите, — горделиво ги бодреше Андон од Дуње, кој со Толета требаше да му влезе на Арслана во конакот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Од кошарката излезе стара жена и писна да тажи, гледајќи го налегнат дедото во дворот.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Двајцата Митреви другари го налегнаа едниот Гана, а Митре се одвалка со другиот низ стрмната клисура, преграбени преку гради еден со друг, и така како трупје удрија во една стена и застанаа Бугаринот здола, Србинот врз него.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)