Ова би бил најисплатлив бизнис во денешно време со оглед на двомилионските ментални мазохисти кои не можат соодветно да си го наплатат секојдневното ебавање у здравиот или полуздрав мозок.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Социјалниот работник како даночник кој треба да го наплати долгот, утрото веќе го пиеше кафето во персоналното одделение.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
- Ќе се видиме за неколку месеци, кога треба да си го наплатиме трудот,- изговори Ѓорѓе пружајќи ѝ рака при разделбата.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Јагленарот инсистирал да си го наплати долгот. Постојано го потсеќал сенарот на долгот.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Ниту сенарот успеал да спечали четири гроша повеќе ниту јагленарот успеал да си го наплати долгот.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Тогаш, неговата прва реакција е да замине во туѓина, во brace new world, каде што умеат да го ценат (и добро да го наплатат) знаењето, што, на приватен план, најчесто резултира со економски просперитет и депресивна отуѓеност на вечен странец.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Веројатно малкумина го знаат одговорот.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
А Манасија беше госпоѓа и згора на тоа вработена во банката, па секој што ќе влезеше да си го наплати долгот можеше да види со какви извалкани зборови Бундев се служи кога настојуваше и вујна си да ја замеша во своите грди фантазии.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Трошоците на целиот процес, иако траеше недозволиво долго, сепак не чинеа многу и се работеше за „ситни пари“ во тоа време (околу 700 МКД) – а, симптоматично е тоа што тие паднаа на терет на Јаневски!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
По ова, Јаневски не можеше да си го наплати своето парично побарување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Судијката (В.Србинова), во јуни 1996, донесе Пресуда со која делумно го усвои тужбеното барање и ги задолжи тужените да ги исплатат неисплатените плати и придонеси за седум месеци, во вкупен износ од 29.266 МКД (480 ЕУР) – зголемени за затезната камата, како и да го впише овој временски период во работната книшка на Јаневски.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)