го (зам.) - обере (гл.)

Co едно ура, да живее Македонија, тие Ореовчани — ги нападија сите чорбаџии и бегови од лозјата и го обраа грозјето, та затоа Горѓи уште утредента го затворија во Прилеп.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Сега го обра бостанот зелен! - потфрли некој.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Како се осмели да викаш „долу?“ - го прекори директорот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Морам да трчам за да не стигне Никодин, зашто ако дојде пред мене, го обрав зелениот бостан.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Нѐ гледаше, нѐ гледаше, ја заврте главата едно време и туку рече: - Го обравме бостанот.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Сонцето во полето на памукот го обра бостанот.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Народот го подбраа, го собраа, го обраа.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Тогаш Едо престана да прави бељи тука во градот, ама не поминало многу време и ќе чуевме оти што во некое село некому му го испразниле амбарот, во друго село ноќе некому лозјето му го обрале, коњи се украле, пари се украле...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ако немаш среќа во купувањето, си го обрал бостанот.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Одењето во црква на миса и на молитва може да биде желба и истата, еден ден под влијание на волјата, да престане, (во таков случај, си го обрал бостанот зелен), но ако е нужна потреба, тогаш тоа може да ефектуира со позитивни резултати затоа што врз нужната потреба волјата не може да влијае, па колку и да е цврста.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
А ти баш да покажеш како се газат адетите. Де, кажи ми сега!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Да ти пресечат нос, јазик, уши, па глава, или да ти дојдат ноќе па да ти го оберат дуќанот, да ти ја запалат куќата.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
- „Го обрав бостанот! Да ги видев порано, ќе се скриев негде крај патот во трњето.“
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)