Таа слика сосема го обзема.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Во таков Трајко, во неговите силни раце, Толе ја виде долгата берданка како пукало од бозеј во рацете на осмогодишно дете и навистина го обзеде, за првпат, страв од човек.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
А од друга страна го обзеде чувство на гордост.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Татко, откако се смири од пораката во скриеното полициско пусулче, го обзеде нов немир.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Се навали на наслонот од фотелјата. Го обзеде дремка...
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Среќата што го обзеде при откривањето на сиџилите, сето време го држеше на нозе, небаре му ја вратија младешката енергија.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Но тој не можеше лесно да се ослободи од катарзата што го обзеде.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Слично посакувал и Рудолф II: духовно-политичко соединување на “диспаратното” во неговото загрозено царство, една Европа која додуша е плуралистичка што се однесува до нациите, региите, вероисповестите, племињата, но која пронаоѓа надрелативно единство во интелектуалното соединување на сите спротивности; интересно е што Рудолф II не е фасциниран со сликата за Перикловата Атина или августовскиот Рим, кои се узори за секоја класика, ниту пак ја толерирал состојбата in politicis; него го обзема Александрија од времето на “Musei- on”, тогашната заедница (на државна сметка) на учени луѓе, и Хадријановиот Рим каде што настанал Пантеон, симбол на синкретизмот.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Во истиот миг кога пашата го обзеде најголемо очајание, во водите на Билјанините извори, кои се влеваа во Охридското Езеро, засјаи необична светлина: Жените, кои таму белеа платна, занемеа од чудо: Прстен им ги засени очите!
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Стариот учител искрено го жалеше овој млад човек за кого што имаше слушано од другите колеги, дека често го обземало очајание и досада, но си мислеше: ќе му мине; отпрвин сите се лошо расположени, а после свикнуваат, дури по некои и го засакуваат со целата своја душа селото, штом ќе ја откријат смислата на својот свет учителски, позив.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Панде премале од возбуда. „Таа е...“ - го обзеде неискажливо блажено чувство.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Одамна потиснати и заглувнати немири - нагло го обзедоа и растресоа.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Ене, завиваат, го најавуваат доаѓањето“, мислеше Бојан, не чувствувајќи како стравот цел го обзема, како му штракаат забите.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Неочекувано чувство го обзеде младиот човек, застрашувачка возбуда, и за да го одложи своето влегување во кулата, тој го одврза својот десен чевел и од него ја истресе нечистотијата, што беше се нафатила додека одел преку премачканите коси влезови.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
А тоа беше ова: штом ја отвори кутијата со храна, го почувствува парфемот на Рози и веднаш го обзеде чудна, апсурдна и фантастична мисла.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Го обзеде самосожалување, повредувајќи му ги изморените и закрвавени очи.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Тогаш, погледнувајќи во брата си, кој ги јадеше сендвичите, што неговата сопруга утрото ги спакувала додека сè уште беше свеж од тоа што ја прегрнуваше, го обзеде неумесно и необично чувство.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Со првото пувкање на чадот, острото сознание за неговата состојба и тежината на тоа што требаше да го направи, го обзедоа и во неговата душа предизвика празнина, која потоа премина во амбис.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Боб почувствува како му доаѓа трепет во гласот, и го обзеде бран самосожалување.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Дури и кога жената ќе изеде многу грав со него, или кога му е понизна или, како што велат овде, кога со неа минал низ оган и вода, дури и тогаш мажот е склон да го обземе лудило.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Очите му отидоа на определеното место на ѕидот, каде што ја закопа сенката, и го обзеде необично чувство како Рози да стои до него.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Даниел го виде силното тело на брат му како излегува од јамата и го обзеде чувство на гризење на совеста.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Во тој миг го обзеде силна желба за жена му.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Откако легнав, почувствував како целото тело ми го обзеде една пријатна леснина.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
И тогаш, во него нарасна и го обзеде она чувство на љубомора и похотност што можеше да го фрли само во очај.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Повторно воздишки, враќање кон слабоста која го обзема битието.
„Портокалова“
од Оливера Доцевска
(2013)
Јас знаев дека Партијата полека но сигурно целосно го обзема, и знаев низ кои фази поминува тој, оти јас тие фази ги имав веќе изминато: трансот при донесувањето на колективните одлуки, силните емоции во толпата, чувството дека припаѓаш на нешто многу силно и важно, дека правиш прометејски чекори за твојот народ; Земанек, поради Партијата не ме виде мене, Луција, жена од крв и месо, како што јас, поради Партијата не успеав да го видам Јан Лудвик.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Отец Стефан полека се приземјуваше; жилата веќе не му чукаше како ровја на вратот, и почна полека да го обзема блаженство, оти стануваше збор за неговите заслуги.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Најважната работа што треба да ја сфатиш е дека, без разлика дали си весел или гневот го обзема твојот лик, сјајот на твојата кожа пак има виножито кое се огледува во сонцето, наспроти твојот гнев или веселост – рече старецот.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
-Така, здодевноста го обзема, станува негова лоша навика, својствена за глиупавите луѓе.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Никогаш не врзувај се со него премногу, за да не станеш зависен – рече старецот. – Сето она што се случува пред дождот е таинствено, напнатоста го обзема просторот, но само слабите луѓе се под влијание на времето.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
И потоа кругот одново ќе се сврти, во постојаната смена на меланхолијата и манијата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Понекогаш, двата пола на лудилото се пројавуваат кај иста личност: “Некои пациенти, откако се меланхолични, имаат напад на манија,” додека пак некој кој бил еуфоричен заради манијата, го обзема меланхолија, “станува, на крајот од нападот, изнемоштен, тажен, молчалив; се жали дека се плаши за својата иднина, чувствува засраменост.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Првин, неговото внимание е поделено меѓу Луков и писмото, со читањето писмото сѐ повеќе го обзема неговото внимание.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Лесна потиштеност го обзеде мојот спокој, Ко гранче шимшир со горчлив вкус, насмевка по образот, во виртуелен свет...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Ако човек в самрак се прошета по празните, бучни, широки улици, него ќе го обземат спомени.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Штрчат изглодани руини, а во прозорците местимично е вплетена жица, ’рѓосана, преплетена.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Работата го обзема, па не ни забележа дека денот одамна беше го минал пладнето и полека почна да се губи зад ридјето.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Смислата на зборовите не проникнува во неговата свест, тој се вовлекува и се опива само од звучниот хаос на римите што го возбудуваат и го обземаат целото негово суштество и, заборавен, восхитен, растопен во еден необичен свет на чувства, разбранувани во неговата душа, тој го слуша сопствениот глас како трепери, се подигнува и звучно се разлева.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Го обзема зазор и го преместува погледот на Имотот, на Источна порта.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Тоа Мурад го забележа и забележа дека Софроние не ги ни обиска кафето и шербетот, го обзеде силна лутина против него.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Александар уште еднаш го обзеде горчината што го фаќаше по завршувањето на секој состанок во неговата фирма.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Така, знаејќи дека ќе го обземе љубопитност по човекот што го надмудрил, сметав дека би било штета да не му оставам некаква трага.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Се галиш по целото тело и трансот на душата го обзема олтарот на твојот Бог.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
При секое погледнување во тие белини, Богдан го обзема силна возбуда; по телото му врват благи трпки и му се искачуваат во главата; го чувствува движењето на крвта во него, а рачката од фанглата и мистријата му се навлажнуваат во рацете и потреперува.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Еднаш, кога разминувајќи се на скелето, пак се жулна, него пак возбуда го обзеде, пак му наудри жештина во главата, пак снагата му затрепери и ѝ рече: „Доста работиме, газдарице...
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Непозната жештина на една тајна го обзеде сиот беспомошно да испитува што и како.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Минаа час, два. Бургиба го обзеде лек сон.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Само ќе остане неизвесноста: дали ова да биде со мирни и или со насилни средства.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Макијавелистичката опција ќе го обзема и напушта Арафат во текот на целиот живот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Го обзеде чувство на целосна беспомошност.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Потоа сѐ беше нормално и стариот страв, омраза и неверица се вратија и го обзедоа.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Чувството на беспомошност одново го обзеде.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Тоа што го обзеде во тој момент беше восхит за движењето со кое таа ја отфрли облеката.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Тој ја беше забележал како лежи во излогот на едно запуштено дуќанче со стари работи во еден беден кварт од градот ( во кој точно кварт, не можеше да се сети ) и веднаш го обзеде неотповиклива желба да ја поседува.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Најважно од сѐ беше веднаш да прозбори, пред некој да дојде, но сега го обзеде ужасен страв.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Го обзеде желба не толку да се оддалечи од Џулија, колку да се врати назад во кафеаната „Кај костенот“, која никогаш не му изгледала толку привлечна како во тој момент.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Го обзеде смртен умор. Сѐ што сакаше е да стигне брзо дома, потоа да седне и да молчи.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Чувство на беспомошност го обзеде Винстон.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Наеднаш, оној дел од учебникот по историја што Винстон го препиша во својот дневник, му се врати во сеќавањето, и го обзеде лудачки импулс.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Го сепна помислата дека кога човек живее со жена, овој вид на разочарување мора да е нормален, повторлив настан; и длабока нежност, каква што дотогаш немаше почувствувано спрема неа, го обзеде ненадејно.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Винстон повторно го обзеде ужасен страв. Нема да дојде, се предомислила!
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Чувство на беспомошност повторно го обзеде Винстон.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Сега некаква треска го обзеде при самата помисла дека може да ја загуби, дека нејзиното бело младо тело може да му се измолкне!
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Одново го обзеде црна паника.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Го обзеде студенило. Одвај ја преболе својата одлука да се откаже од синот при бракоразводот.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Чувствуваше дека со него пак се случува нешто, дека пак го обзема жал за татко му и чинеше сè да му угоди, да му мине кризата, да го испреболи веќе еднаш тоа.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
А не шета и поради тоа што не сака да се сретне со Методија Лечоски, дрварот, оној што личи на него, зашто при секоја средба со него, се штрекнува, го обзема некоја непријатност: како да си се видел самиот себеси во огледало.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Зар беше можно да го заборавил, кога убаво го издвои од другите свои книги, ракописи? Го обзеде немир.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Возбудата го обзеде уште вчера кога кметот на Езерец му јави дека Комисијата ќе го посети манастирот за да се запознае со него и да изврши разграничување на синори.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
И нов бран сомнежи го обзеде.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Си го погледна и подигна медалот. Повторно го обзеде нов бран сомневање.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Јагулчета го обзеде милина.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Татко остана уште едно време да ги листа книгите што му ги остави Игор Лозински за јагулите. Го обзеде лек сон.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Ќе го грабнеше Ренди за рака и силно ќе го стиснаше, сакајќи да му предизвика бол, па потоа ќе се покаеше и ќе го обземеше срам.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Вели дека сѐ почесто го обзема необичноста како чувство.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Не мислеше веќе воопшто.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Гневот го обзема повторно...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Таа не можеше повеќе...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Дента кога Трајан отиде да го види Висара, татко му од Висар не беше дома; го најде Висара кај што гледа низ прозорецот со насолзени очи; Трајана го обзеде жал и го грабна Висара за раце: Ајде со мене, му рече, ајде да прошетаме по езерото.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Кога ги состави сите делови од иконостасот, кога го виде склопен и готов, му ја разбрани нешто душата, го обзеде силна возбуда, и дури попот и луѓето пееја ”Христос воскресна...
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Почитувана госпоѓо Лејбовиц,
Во вашата последна порака допревте две важни прашања кои постојано го обземаат моето внимание: прашањето на идентитетот и потребата да се промисли тоталитетот на балканското прашање.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Најчесто во потрагата по идентитетот пополезно е да се трага по аналогии, дополнувања, отколку идентитетот да се наложува како последна и единствена орција.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Жилберт&Џорџ: Слика?
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Сакаме да правиме изложби што го обземаат гледачот, неговиот свет.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Но, кога човек има најубави идеи, кога од песок гради градови, истовремено го обзема и чувството дека нема смисла ама речиси ништо да работи и тоа му нуди чувство на силна супериорност над сите во светот.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Вниманието веднаш ми го обзеде информацијата со изразени наслови: Папата на Балканот.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Меѓувремено го обзеде едно чувство на радост што просто му го обзеде целото тело, наспано, одморено, желно да го прифати дневниот живот со сè што тој ќе му донесе.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Авторот помолчува внесувајќи се во своите „валкани“ фантазирања што несопирливо го обземаат.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Како да го обзеде некоја тага по младоста или можеби ненадејна свест за тоа колку е неповратно стар.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Единствено свесен за разбудената слатка возбуда што ќе му се враќа и ќе му го обземе телото раздробувајќи му го во слатки морници секогаш кога на тоа ќе се сетеше.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Сакаше прво да му помине малаксаноста што му го обзеде целото тело и правеше да чувствува слабост во колената.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Малечката веќе се задеваше: ги прекрсти рацете на навлаката зад неговите плеќи и толк ми се ближи со лицето што авторот зад уво чувствува врачечка топлина од којашто целото тело му го обзема милина и желност, си воомјазува како ја држи во прегратка, ја навира...
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)