го (зам.) - обожава (гл.)

Ѓорѓија молкум седнуваше да јаде на правоаголната маса, покриена со омразениот чаршаф кој старицата го обожаваше, чуван со години; таа седнуваше спроти него, го галеше чаршафот со едната рака, како да го чисти од невидливи трошки, го набљудуваше син ѝ и му забележуваше: - Зошто не јадеш од црниот леб?
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Тики: Тоа е точно.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Нѐ чекаше на задниот влез. Потоа нѐ внесе на горниот дел каде што беше одделот за Вип гости и навистина сепарето го делеа со раперот кој Лима просто го обожаваше.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Еднаш го посматрав во вежбална. 5 минути држеше тег од 150 кила и за тоа време изрецитира цела сцена од Хамлет. Го обожаваше Шекспир.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Многу ги сакаше Лоренс Оливие и Вивиен Ли, ги гледаше во нивниот прв заеднички филм „Оган над Англија“, го обожаваше Спенсер Трејси (го викаше Траси), а имаше гледано и неколку филмови на прекрасниот Чарли Чаплин кој ја секогаш ја развеселуваше но и трогнуваше до солзи, на неговиот единствен начин.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Имено,овој му рекол на Андриќ дека Мирко Ковач го обожава романот „Дервишот и смртта“ на Селимовиќ.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Атина искрено го обожаваше брата си Петар.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Цупкаше од една нога на друга, облечена во црвени тренерки.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Бети: Веројатно сѐ уште го обожава.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)