113 ЗАКОН ЗА СОЦИЈАЛНАТА ЗАШТИТА Законот за социјалната заштита (ЗСЗ) е донесен во 2009 година,113 а за периодот 2010-2014 година, кој е предмет на нашето истражување има претрпено вкупно 11 изменувања и дополнувања,114 и во истиот период еднаш е интервенирано од страна на Уставниот суд на РМ.115 Во делот на социјалната парична помош беше воведена една рестриктивна норма, која дополнително го обремени правото на користење на социјалната помош.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
На ова го додаваме и правото на работодавачот од „објективни причини“ да не ги информира или консултира работниците за прашања околу неговото функционирање со кое се воведува уште една можност „помоќниот“ работодавач, дискреционо и еднострано, согласно своите субјективни преференци, да ги лиши работниците од тоа тие да бидат информирани за важните информации кои директно ги засегаат и нив како вработени кај конкретниот работодавач; д) кај вршењето на работи во странство најпрво дојде до замена на терминот странски работодавач со „работодавач и од територијата на земја членка на Европската унија и работодавач од територијата на земја која не е членка на Европската унија“, а потоа и до проширување на примената на ЗРО и на работните односи на работниците кои се испратени од нивниот работодавач за давање на услуги на друг работодавач од територијата на земја членка на Европската Унија во територијата на Република Македонија и работодавач од територијата на земја која не е членка на Европската Унија (чл. 1 од ЗИДЗРО/септ.10), а дефиниран беше и новововедениот термин „испратен работник“ - е работник кој на ограничено време, работи на територијата на земја членка што не е државата во која има редовно вработување (чл. 2 од ЗИДЗРО/септ.10).23 23 Употребата на термините „територијата на земја - членка на Европската унија“ и „територијата на земја која не е членка на Европската Унија“ непотребно го обременуваат законскиот текст, посебно ако се знае дека согласно меѓународното јавно право, територијата е еден од трите конститутивни елементи на државата, чија сувереност и јурисдикција, единствено, може да бидат сфатени во однос на територија.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)