го (зам.) - одврати (гл.)

— Го плаши Мисирлијата за да го одврати откај што гледа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тешко да го кандисаш да рече, та после илјадници да го одвраќаат не го гази зборот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Барем Мариово ќе ни биде сигурно кога ќе дојде до борба.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Не го ни гледаше болниот, не ги напипа загрижувачки опуштените мускули, го одврати погледот од вџашеното, љиљаково лице, намерно слеп, избегнувајќи ја стварноста.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Во сите случаи, целта на таквата дебата е бесполезна и може само да го одврати вниманието од централниот проблем, - пронаоѓање на терминологија која може да биде употребена во систематското изучување на преведувањето.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Во случај на потреба резервата да дејствува со цел да го одврати противникот кој би се појавил од насока на селото Света Недела.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Жената се тргнува, сфаќа. Очајна е, знае: Тешко може да го одврати кога намисли тој нешто да направи.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ова беше последниот обид на Татко, пред почнувањето на потрагата по опасните турцизми да го одврати Климент Камилски од неговата идеја.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во тој исклучителен момент на повторно доаѓање, чувствуваше многу јака желба да биде поседуван од друго тело, поинаква материја во која мислите под некој друг агол би паѓале врз неговите раце, агол под кој мозокот би му работел позабрзано или воопшто не би постоел, постигнувајќи со тоа доближување до сегашноста или некое друго место во кое би можел сопствената рака да ја види од поодблиску и подалеку а да биде тоа истата таа, неизменета во својата припадност и внатрешна предодреденост за таква и ниедна друга форма, а тој сепак да не го мисли тоа и да не мора да биде во тоа така што постојано да мора да се навраќа кон истите нестварни помисли кои го одвраќаат од блискоста со она кое го има заборавено - но чувствува дека може да го сети, бидејќи го насетува, кога успешно би ја совладал пречката, би се надминал себеси или нешто слично, би прешол од другата страна (на истото). 48 Margina #1 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Но и го зачуди тоа што таа почнува разговор на тема од којашто толку многу стрежеше поради стравот дека таа ќе го одврати од тој разговор.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тој го одвраќа погледот, но збунето: - Блузот.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
А по себе на народот од родот свој безумност му остави, малоумниот Ровоама, кој го одврати од себе народот свој, и Јеровоама, Наватовиот син, и гревовите нивни толку се намножија, така што од земјата своја истерани беа; посегнуваа по секое зло додека одмаздата не дојде врз нив.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Затоа и се обидував, макар и со премногу такт, да го одвратам од кревањето ѕид, но тој не попушташе.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Се обидов еднаш или двапати да го одвратам од таа тешка и залудна работа, но тој не ме послуша.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Тој бараше помош за својата лага, бараше само едно мало олуче, по кое ќе потече таа; а сега се потеше, кога и тоа мало олуче, што го издлаби, оној сакаше да му го одврати.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сакала да го одврати да не соработува со илегалната организација.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Лошата зима и мекиот карактер на Селима го одвратија од оваа намера и тој се врати во Стамбол, откажувајќи се од лудите амбиции на татка си да го покори и поислами целиот свет.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
- Дедо, другпат, доцна е веќе, баба ќе нè чека на ручек, - го одвратив, спомнувајќи си на неговите загубувања.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Вистината е и она што е откриено и она што е скриено, па сепак тие имаат право, зашто светот сака да го гледа убавото а од грдото го одвраќа погледот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Присеќавајќи се, наназад, во однос на судските такси и трошоци, С. С. вели дека тужбата го чинеше околу 2.000 МКД, а нивното чинење не го одврати од помислата да тужи.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Иако изгледа лесно да се набројат придо- бивките – сепак, психичката тортура, партиските притисоци и стравот од новото утро се „невидливата рана“, што се нанесе и остана да трае.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Го одвратив погледот. „Жалам“, ѝ реков.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Луѓето ништо не му велат. А и кој може да го одврати Давидета Недолетниот. Замаен ум.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тане му го грабна јагнето на Оруш, обидувајќи се да го одврати од почнувањето на куќата, но Оруш му го истргна и им го даде на мајсторите да го заколат.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)