Во вистината на земјоделецот и овчарот коишто го одгледуваат она што им е потребно, не постои случајност на пронаоѓањето.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Родителите му умреа од чумата, а него, како мало дете, го зедоа да го одгледуваат неговите роднини, кои бегајќи од чумата се населија на бачилото во планината, и каде тој кога поодрасна чуваше овци.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Јас сум жена, оставена жена... и чувам едно дете без мајка, тоа дете го зедов на 4 годишна возраст и го одгледувам како можам и умеам... но, еве, животот не прегази финансиски, па јас дојдов овде кај вас да прашам дали вие некако ќе ми помогнете, барем да го истуркам девојчето да заврши средно школо... ме разбирате... - веќе со видно вознемирен глас и солзи на очите, почна да ги испрекинува зборовите.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Истовремено, за да ја смири својата совест, се обидуваше да размислува дека тоа што тој се решава да го земе детето, да го издржува и да го одгледува, можеби ќе дојде и како олеснување за Марија, заради безизлезната материјална положба во која се наоѓа.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Синот на Патрик и на Мет се родил година и пол потоа (48).
Тешко е да се замисли понастрано семејство: двајца истополови родители од различни генерации, кои создаваат педерастична двојка; обајцата се мажи, но ни едниот ни другиот не се родиле како машки; еден од нив раѓа дете откако преминува од женско во машко, а син им има тројца можни биолошки татковци, од кои никој не може да се идентификува со сигурност.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Можеби тој импулс му го зацврстила поддршката што ја добивал од „своето и од семејството на партнерот и од стрејт-соседите“, која шокантно спротивна на згрозеноста што ја изразиле „на интернет неколкумина хомофобични ОЖМ кои се идентификуваа како стрејт и кои почнаа да му се обраќаат на Мет со женското име, затоа што вистинските мажи не затруднуваат.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Еден од тие ревносници дури и рече дека за нашето бебе ќе било подобро да било мртвородено отколку да го одгледуваат луѓе што се ‘збунети околу својот род’“ (48).
Меѓутоа, она што е упадливо во ова сведоштво е неговото настојување на, буквално, „семејните вредности“.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
„Нашата семејна конфигурација е неминовно контроверзна“, признава, „дури и за лезбејките и за геј-мажите, особено за оние што сметаат дека главнотековноста е најдобрата стратегија за обезбедување граѓански права“.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Најупадливиот и најкарактеристичен израз на тоа чувство на надмоќ е тврдоглавото одбивање да се поверува дека, всушност, си рожба на поединците што тврдат дека ти се родители.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Четири години пред Фројд да ја забележи и да ја опише генеричката верзија на неговата „семејна романса“ – фантазијата на детето дека оние што го одгледуваат не му се вистински родители и дека вистинските луѓе му се од поблагороден и пораскошен свет од оној на неговото наводно семејство – Вила Катер веќе имала дијагностицирано таков геј-случај кај Пол.257
Раскажувачот на Катер ни кажува дека штом Пол допатувал во Њујорк и си се сместил во Волдорф, мошне бргу почнал „да се сомнева во вистинитоста на своето минато“.
Знаел ли тој некогаш за место по име улица Корделија, каде што окапани деловни луѓе го фаќале утринскиот превоз?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Сосема е разбирливо што Патрик Калифија-Рајс, кој е болно свесен за непријателството и за нетрпеливоста што ги предизвикува едно такво нестандардно семејство, би сакал да ја ублажи настраноста на своето семејство и да ја промовира неговата обичност.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
На Шабтај му ја препорачаа Рена, две години постара, допадлива девојка од семејството на еден скромен лимар чијашто работа во последно време, како што се намножија и други мајстори на истиот занает, не цутеше и премногу, но сепак му допушташе пристојно да го одгледува своето семејство.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Главниот принцип во владеењето на небото и земјата е дека тие се во договор: пленот, човекот кој тие го одгледуваат, да си го делат – рече старецот. – Човекот е нели составен од тело и душа: телото секогаш го зема земјата, а душата ја зема небото.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Џемс ЏОЈС (Даблин, 1882 – Цирих, 1941), Ирска Ирски раскажувач, романсиер, драмски писател, поет.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Неговиот живот на наставник по стилистика со скромни примања и со бројно семејство што требало да го одгледува, втиснал печат на извесна меланхоличност врз неговиот поглед на светот и го принудувал на макотрпна продукција на книжевни дела.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)