го (зам.) - одмине (гл.)

Откако ќе го одминевме Театарот, стапувавме во тогашното Еврејско маало и ќе се најдевме на подножјето на блискиот рид, пред нас неочекувано се извишуваше ребресто исечената глинеста утроба на ридот во која времето длабеше низ помеките делови, особено по големите дождови и поплавите на реката, па создаваше длабоки, кривулести пештери, од кои беа изградени сегашните скривалишта за заштита од бомбардирањата и другите напади врз градот...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Да летне во Жешов, да го посети гробот на реб Апфелблум, да се сретне со д-р Блумфелд, по можност да му објасни што тоа се случи, одново да разговара со Зимха Зајден и да се обиде да му одговори на неговите нови опрашања што впрочем и него самиот го мачат, да прошета низ Кертнер штрасе во Виена, да ги сретне своите угладени професори од рабинската семинарија и да им каже дека не е виновен за тоа што се случи со неговата паства, дека постапуваше како што тие го учеа, дека не ги лажеше во своите обраќања, туку се обидуваше да ги утеши и да ги спаси од предвременото очајување; потем да оди во Виена при виенското еврејство и високиот слој кој само почна да му се отвора, но на кој всушност никогаш не успеа да му припадне, а потоа да оди во Музикферајн, да влезе во позлатениот необарок на салата, да се намести удобно на седиштето и да слуша; да слуша возвишена музика, созвучја исткаени од занесот и дарбата на Шуберт, на Хајдн, на таа возвишена, на таа рафинирана музика со симфониска исполнетост, на која е воспитуван и на која сега сака сосем да ѝ се врати...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
И недадејно, додека лежи и ги гледа сенките на луѓето од својата солунска паства, кои со денови и ноќи во кои тој око не склопува, еден по еден, поминуваат покрај неговата постела, и можеби зашто е тифусар, само фрлаат поглед и го одминуваат, не одговарајќи на поздравите што тој непрекинато им ги упатува кимнувајќи им, најнапред со глава, потем само со уморните очи, на сите, без оглед на возраста и на статусот: на членовите на советот, почитуваните рабини, солунските амали, манави, ситни дуќанџии, продавачи на риба, мислители, лекари, интелектуалци, новинари, хакхами и шамаши, кошер-касапи и хазани, продавачи на благословено вино, читачи на респонси, и сите, илјадници и илјадници, поставувачи на едно исто, немо прашање...  Главниот рабин не сака повеќе да ги гледа.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Сакаше да го одмине, брзајќи кон Судот, но го забележа Андреј Георгиев токму пред влезот на Институтот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Повторно можеше да го одмине, предизвикан од нов круг мисли и сомневања кои не престануваа да се ослободуваат, дури и од неговата потсвест.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Сакав да го одминам - но ми направи впечаток еден голем, син плик кој беше најозгора.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ване се сврте да погледне кого ќе види, надевајќи се дека некој се препознал во него па ќе се извини и ќе го одмине.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Боге му свирна да се тргне од патот, но јарецот не се ни мрдна - само ја проследи со главата колата како го одминува, со поглед потценувачки ако не и пцувачки, па дури и не затупка со копитата по асфалтот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Штом го одминаа мостот, меѓу реката и патот како клин се ширеше нагоре затревен камењар.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Честопати помислував дека можеби згрешив; можеби требаше да се обидам да ја разоткријам. Впрочем не ми недостасуваа сили.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
БОГЕ ОД БАЊИ
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но тој И понатаму се оддалечуваше кон темнината во прозорецот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Знам, како и обично, најмногу сомненија ќе и бидат препратени на совеста на Боге од Бањи.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Можеби многу разговори ќе слушне но вистинската приказна, онаа најпосакуваната, за татко му, веројатно ќе го одмине.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ова сакав да биде сфатено како приговор на неговото однесување бидејќи бев со впечаток дека него, за жал, некои битни моменти од моите искажувања го одминуваат.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ги гледаше како застануваат. Првите дивокози го одминаа неговиот преден нишан.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Помисли: „Види го сплаварот како го одмина и островот, дури и не се заврте кон ѕвездите кои светеа на другиот крај на брегот“.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Не можеле да го одминат твоите очи.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Ти се преправаш само рамнодушен. Ти не можеш да го одминеш тоа...
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Сака уште да рече Можеше да се случи секој од нас да биде убиен, но се премислува: Само стрика Анѓела не го одмина кутриот, вели.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Додека тој се излежуваше, размислувајќи за своите благодати, во дворот срамежливо потскокнуваа мали кафеави зајачиња; ќе го одминеше јато синкави еребици со бели шарки на главата, во еден ред, прелетувајќи дваесет јарди; по некој клукајдрвец во лов на тарантули, ќе скокнеше над оградата и ќе го поздравеше со мавтање на долгата опашка.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тоа значи дека тој самиот си ги снабдуваше своите стада овци со дрва, вода и прехранбени продукти, производи на неговиот личен труд, наместо да најмува посебен „наемник“ за тоа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Додека свртуваше му текна дека девојката го одмина пред само три минути и дека ако потрча, веројатно би можел да ја стигне.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Вртам околу куќава, оставам миризба од себе пу земјата за да го намамам тој мојот непрокопсаник да не го одмине градов или Македонијава, така, нели?
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Тој мисли да го одмине тој ред, без него да биде...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Балканот, Солун, прагот за влегување и за излегување од Европа, е простор што не го одминаа и последните светски судири.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Сестричето го одмина дуќанот каде што се прода­ваше брашно.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Восхитот го огласи летот, Сјајот раѓањето, Сланата го одмина цветот Страдањето - поетот.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Мислам дека во донесувањето на одлуката да постапам цивилизирано и да го одминам спомнатиов без да му обраќам внимание, ми помогна и тој самиот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Мислам, ми помогна неговото гурелаво однесување.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Мајка му ги донесе колачињата и почна да ги чести гостите, Но Зоки го одминува, како да не го гледа.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Човекот понекогаш, ако е загрижен, ако е болен, може да не забележи некој познат, да не го поздрави, да го одмине или да не му одговори на поздравот.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)