И затоа, во мигот кога видов дека попуштам кон него (беше тоа една летна ноќ, на кејот на Вардар во Велес, кога речиси водевме љубов), јас решив да го опоменам, да го навредам, да го оддалечам од мене; и јас ја предадов неговата збирка песни во Партијата.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
- Е брзаш, Коте, - го опомена Проедросот.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Таа на неколку пати фрли кус, секавичен поглед кон него како да го опоменува да не го прави тоа сега додека таа е со своите колешки, но авторот намерно не обрна внимание на опомената.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Тој, прво, дење излегуваше од скривалиштето поради што јас го опоменав со другарска опомена на што тој не обрна никакво внимание речиси смеејќи ми се в лице.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Пак погледна во часовникот и се изненади од неочекуваната идеја дека Мануш, недораснат за вакви акции, се лизнал низ сенките уште пред да го опомене со свирење и го оставил да го исчекува изгревот на сонцето.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Помислив оти е в ред најпрвин да побарам објаснување од колегата Вртанов. Еден вид извинување. Или само да го опоменам?
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)