го (зам.) - опседне (гл.)

Откако творечкиот поттик ќе ја спушти раката врз празниот лист, за што зборуваше Маларме, и при пишувањето и потоа поетот го опседнуваат прашања, сомневања, скепси во пронајдениот збор во кого се вградил поттикот: чувствувањето, мотивот, идејата, спонтаното и мисленото, согласјето на звуците и созвучјата, говорниот ритам и мелодијата на фразата, боите, - оној недоловлив и пресуден здив што ја исполнува и открива песната.
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Уште сонцето не искочи од ридот, Толе со дружината ги фати карпите во Мечи Дол и го опседна тесното патче.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во случај на неуспех и опасност Толе го клаваше Ќосото зад себе на коњот и така успеваше да излезе од обрачот на потерите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ги набљудувам како се множат секој миг, го опседнуваат авионот, го задушуваат просторот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Но набргу го опседна мислата како ќе се справи со книгите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Според авторот Старова, јаничарскиот дух и натаму ќе го опседнува Балканот, од што нема да биде изземен ниту некогашниот Советски Сојуз: „Откако ги проучи феномените кои произлегуваат од јаничарството и неговите погубни механизми по загрозената личност, тој стравуваше од ширењето на синдромот на култот на личноста на Сталин.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ги освоил Костур, Прилеп, Струмица, Охрид, а го опседнал и Солун.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
А „културните“ будали што нѐ доведоа до таму и понатаму го опседнуваат бедното министерство и се жалат на суровите времиња кои немаат разбирање за нивната ступидна „култура“.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ах, господе, што ќе биде ова, рекоа луѓето гледајќи ги мравките што одненадеж го опседнаа селото.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
О изечена безнадежност или нашепната само доба на ветрот тој злочест Воин од Житијата што доаѓа да го опседне нашето спокојство и да ги разбуди сите сенки на плачот.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Испуштени во градот тие и не се разликуваат толку од другите панкери, “џанки”, издрогирани, пијаници или бедници што го опседнуваат.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Шармот на невидливото ќе го опседне и тука навистина ќе наликува на тебе;  ќе пребарува по писмата, песните, интервјуата ќе разговара со современиците, преживеаните ќе ги препрочитува нивните мемоари и дневници ќе гази по рабовите ќе се загледува де на лево - де на десно одржувајќи рамнотежа за да стигне до крајот  со непрестан зазор да не би да падне некаде на полпат како тебе. 
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Потоа Борхес заклучува: “Има четири раскази.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во кратката проза “четири циклуси” тој дава преглед на четири раскази: еден за град што го опседнуваат и бранат храбри луѓе (Трои од Хомеровите пеења); друг, приказна за враќање (Одисеј се враќа на Итака); трет, кој претставува варијација на претходниот и зборува за потрага (Јасон и Златното руно, Триесетте птици и Симург, Ахаб и китот, Џејмсовите и Кафкините ликови); и последниот за жртвување на бог (Атис, Один, Христос).
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
На друго место покажав дека неговиот модус операнди може да се утврди во најголем дел од неговата проза.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во текот на времето што ни преостанува, ќе продолжиме да ги кажуваме, преобразени”.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Се одликуваше со безумна храброст и еднаш дури го опседна градот Глупов.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Урус-Кугуш-Килдибаев, Манил Самилович, капетан-поручник од лајб-пешадинците.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)