Тоа малку го освести. Испружи рака настрана.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Иако сѐ уште не можеше да се сети каде оди, престана да се труди да го освести тоа едно сеќавање за најблиското минато што уште не му доаѓаше.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Едно попладне го освести ладен плисок на вода врз лицето и сети дека го свлекоа од височината.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Од таа скаменетост го освести црвенокосата, богата сончевина, што се плисна како некој плавен бран во неговиот прозорец, ослепувајќи го и во исто време носејќи му ја назад способноста да се исправи.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Белки сакаат да го освестат, помислив.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Гледам полнат вода со моето котле и кога го видов дедо ти, како го освестуваат со водата и дека е цел во крв, синко, кога ми дојде една сила, сум зела една ластегарка и им викав: Што правите бре турски кучиња, уште тоа ли ни требаше?!
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Дури тогаш жителите на Потковицата имаа време да се запрат над стрика Анѓела; го превртија на грб и со викање, со триење на вратните жили се обидуваа да го освестат.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)