Од друга страна, пак, знаејќи ја улогата на верата во организацијата и општеството, Мехмед ја обнови Пеќската патријаршија и за патријарх го постави својот брат Макарија. Со тоа си го осигури своето влијание кај српската раја.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Неколку месеци пред Солунските атентати Орце го осигурил својот живот во Осигурителното друштво “Њујорк“ на 10.000 франци.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Ги смени овие бакарни садови со сто оки ’рж и на петпати по дваесет оки ја донесе до Скаклевите воденици; ја сомле и го однесе брашното дома. Co тоа го осигури лебот за децата до пролет.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Уште во истиот ден тие го осигурија овој мост и за подобра сигурност да не премине непријателот преку река, од каде што му се даваше можност да се развие во борба по широките лаки и да победи, фатија та ги насекоа сите диреци на мостот на педа- две во водата, оставајќи ги одвај да се држат.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Но се виде дека бегот сака да си го осигура неговото Кате и предложи да му го наметне на Толета баш него.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Скоро незабележливо се тенчеше белата долама на Водно, а долу во градот одамна е веќе сивкаво кална разџваканост, па Пелагија и Чана успееја да стигнат до познатата зграда на Црвениот крст за да го осигурат враќањето на внучињата на бабата Петра и дедото Костадин.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Се судруваа, се разминуваа, се сопнуваа еден од друг, ама без роптеж продолжуваа да си го осигуруваат брложето што го имаа зафатено.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)