го (зам.) - отстрани (гл.)

Со други зборови, сопственикот на претпријатието се обиде, а најпрвин и „некако“ успеа во тоа, да го убеди судот дека Јакшиќ делувал самоиницијативно и без никаков налог да го отстранува дефектот, но и дополнително да го убеди дека на објектот немало надреден работник кој му ја делегирал таа задача!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ако овој, во натамошниот следен рок од дополнителни осум дена по врачувањето на писменото барање од страна на работникот, не ги исполни своите обврски од работниот однос, односно не го отстрани кршењето на правото – работникот може, во рок од 15 дена, да бара судска заштита.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Преку својот адвокат (Т. Китановски и неговиот заменик В. Бубевски) кои му ја изготвија тужбата тој, преку суд, побара од нив солидарно да ги покријат трошоците за лекување и да му исплатат оштета за претрпена болка и психофизички повреди со трајни последици, која според наша проценка беше доста фер и праведно побарана сума од 3.400.000 МКД (55.735 ЕУР) – со оглед на претрпените физички и душевни болки поради нагрденост, како и со оглед на трајниот карактер на последиците и намалената животна и работна активност за во иднина, односно пропуштената заработувачка.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
б) Правните средства за заштита на работниците се зголемија од три на четири експлицитно споменати, плус еден имплицитно одреден правен инструмент – меѓутоа, ќе забележиме дека тие се „расфрлани“ во различни членови и не се групирани на едно место: – Првиот заштитен инструмент е писменото барање до работодавачот да го отстрани кршењето на правото (чл. 181, ЗРО/05): a) имено, aко работникот смета дека работодавачот не му ги обез- бедува правата од работниот однос или крши кое било од неговите права – може да поднесе барање до работодавачот, овој да го отстрани кршењето, односно да ја исполни својата обврска; б) исто така, ако работникот смета дека, со писмената одлука на работодавачот, е прекршено неговото право може – во рок од осум дена од врачувањето на таа одлука, да бара од работодавачот истото да го отстрани.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Секој може да бара од друг да го отстрани изворот на опасност од кој му се заканува позначителна штета нему или на неопределен број лица, како и да се воздржи од дејност од која произлегува вознемирување или опасност од 216 штета – ако настанувањето на вознемирувањето или на штетата не може да се спречи со соодветни мерки.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
6.  Штета е намалувањето на нечиј имот [обична штета] и спречувањето на негово зголемување [испуштена корист], како и нанесувањето на друга физичка или душевна болка или страв [нематеријална штета] (чл. 142, ЗОО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
При ова, заштитата се сведе само на вонсудска заштита пред самиот работодавач, слично на онаа народната „кадија те тужи, кадија те суди“, и на дополнителна т.е. секундарна заштита, пред надлежниот основен суд; 7 6.  У.бр. 139/2005-0-0 од 21.XII.2005; У.бр. 161/2005 од 22.XII.2005; У.бр. 134/2005-0-0 од 29.III.2006; У. бр. 187/2005-0-1 од 10.V.2006; У. бр. 111/2006- 0-1 од 24.I.2007; У.бр. 188/2006-0-0 од 4.IV.2007; У.бр. 170/2006-0-1 од 6.VI.2007 и У.бр. 263/2009-0-1 од 22.IX.2010. 7.  Некои од овие „кастрења“ на одредби од процедурален аспект имаа смисла бидејќи, на овој начин, се одбегна дуплирање на истите одредби во повеќе одделни закони – затоа што постапката за заштита на работничките права, кај нас се третира како посебен вид граѓанска постапка и, според тоа, е регулирана со ЗПП (2005), со ЗИ (2005), потоа со ЗОП (2007), како и со ЗМРРС 23 – исто така, повеќе не постои одредбата која велеше дека над­ лежниот орган кај работодавецот е должен, пред донесувањето на одлуката по барањето, односно по приговорот на работникот – да побара мислење од синдикатот во кој тој членува, како и задолжително да го разгледа и за него да се изјасни, ако синдикатот доставил такво мислење (чл. 146, ЗРО/03 – ПТ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Точно, имам еден бубрег, откако пред 7 години добив страшна инфекција и мораа едниот да го отстранат, за другиот да остане читав.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Задачата на уметникот и уметноста не е само да поврзуваат, многу повеќе нивната задача е да обликуваат и формираат, да го отстрануваат болното, а да го приготвуваат патот за здравото.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Ќе ја пренесиме сега ние оваа новина до сите наши војводи и началници и ќе им соопштиме дека штабот е известен од самиот Хилмипаша оти дал веќе амнестија, та во срок од десет дена нека се предадат сите наши луѓе, а ние што побргу да ја фаќаме границата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Некои мајки чии синови беа пребиени и на животи се печеа, изгубија свест и се растрчаа да им помогнат на своите чеда, но се натакнуваа на голите штикови и се враќаа со раскрвавени раце, нозе и гради.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Или, оди кај четниците, барај нешто за јадење ако си гладен! — му рече тој на момчето повеќе да го отстрани од нив, отколку што мислеше за неговиот умор и глад.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Ајде, коџабашиа, ајде пред мене, што чудиш?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кажи што знаеш — оди дома, бркај работа, ако веќе не сакаш да го идеш на гости со мене во Градешница — го отстрани Арслан Трајка од себе и му го предаде на јузбашијата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Аскери со кации им тураа на градите жар и ги држеа по тројца да не го отстранат од градите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А беше бессилен да го отстрани големото разочарување што го чекаше Велета, понесен од силни внатрешки пориви.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Со своето мало ноже ја исече лентата по рабовите, го отстрани капакот и со детска одушевеност се загледа во кутијата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Оној кој не знае најпрвин да го отстрани пајакот што демне над словото, тој само оддалеку чита и не разбира; само оној што ќе ја отстрани пајажината од пред очите ќе го види словото како видение, откровение и ќе разбере, оти ќе ги чита не само зборовите, туку и гласовите, боите нивни, белините меѓу нив и редовите.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Јас, од своја страна, откако го испитав ова средство во практиката, можам да засведочам дека сосема неодамна, деновиве, благодарение на истото, ги разоткрив неисправностите во службата на началникот на полицијата и заради тоа, го отстранив од должноста.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Зошто неговите другари го отстрануваат оттаму.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Александар со малку вода го отстрани белиот талог кој што се имаше нафатено на крајот од неговите усни.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Народите на Балканот, најмногу во XX век, по конечниот пад на Османската Империја, залудно настојуваа по секоја цена да го отстранат од нивното постоење сето она што било во нив турско.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Верниците од двете религии почнале да го отстрануваат и тоа што најмногу ги делело, верските разлики, формирајќи заеднички култни места, а изгласале и заеднички свети лица.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но имаше и објективни познавачи на историјата кои ја застапуваа тезата дека и на самиот Балкан треба да се гледа како османско наследство, дури почнувајќи од самиот поим (балкан на турски значи шумовита планина).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Секој сон одново го фалсификува светот - или (помалку лажливо:) понекој сон сумира, понекој го отстранува она пробдеаното.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Нејзината вистинска, необјавена цел беше да го отстрани целото задоволство од сексуалниот чин.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Каранфилчето и сахаринот, сами по себе доволно одвратни, не можеа да го отстранат тешкиот мирис на зејтин; а најлошо од сѐ беше тоа што мирисот на џинот, кој престојуваше во него деноноќно, во свеста му беше неразделно измешан со мирисот на оние...
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Зашто, ако слободното време и сигурноста беа уживани од сите подеднакво, големата маса човечки суштества, кои обично заглупавуваат од сиромаштија, ќе се описменеа и ќе научеа сами да мислат; и кога еднаш ќе го стореа тоа, порано или подоцна тие ќе сфатеа дека привилегираното малцинство нема никаква функција и ќе го отстранеа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ако се случеше да снема струја, а тој да може да го отстрани дефектот, го отстрануваше. Ако не, се јавуваше во Б.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Ако овој, во натамошниот следен рок од дополнителни осум дена по врачувањето на писменото барање од страна на работникот, не ги исполни своите обврски од работниот однос, односно не го отстрани кршењето на правото – работникот може, во рок од 15 дена, да бара судска заштита.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Ова, од друга страна, ја покажува фрагментарноста на регула- тивата по ова важно прашање – којашто, како појава, не ретко во праксата, доведува до конфузии дури и кај правниците. 45 одлука, да бара од работодавачот истото да го отстрани.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Правните средства за заштита на работниците се зголемија од три на четири, меѓутоа беа „расфрлани“ во различни членови: а) првиот заштитен инструмент е писменото барање до работода- вачот да го отстрани кршењето на правото (чл. 181, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Мајка се обидуваше да го отстрани грофот Чано од приказната, ама тој беше тука, па му рече на Татко: – По танцот, ти го водеше орото, се сеќаваш? – Се сеќавам.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
По ова Маркос му напиша на највисокото партиско раководство: „Зачувувањето на создадената регуларна армија што ја формиравме за да го отстраниме монархофашизмот, како што е одредено со партиските одлуки, го сакаме тоа или не, ќе нѐ принудат да се држиме на духот на одбраната и да се залепиме за одредени непријателски позиции, со што ќе биде спречена решителната партизанска активност со сите последици... нашите одреди да водат борби со непријателот таму каде нам ни одговара, а не таму каде тоа ќе го посака непријателот...“
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Мртво и вкочането, авторот го отстрани од дворот и чудото се случи – кучешкиот измет на кој секој ден наидуваше го снема.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Бидејќи доброволно не сакал да го напушти комитетот, повеќето од комитетските офицери, на чело со Цончев, решиле да го отстранат на следниот конгрес.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)