Наместо желноочекуваниот странец (кој веќе не е препознатлив по жолтиот ранец), дури и без да го подотвори и онака тесното вратуле, се промолкна најпрво сенката а потоа и целокупната (во сиот свој тоталит(арит)ет) појава на г.-нот (мер/бар/саи) Аба Ебан.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Татко, откако ја допи првата шолја чај, стана од својата фотелја, се упати кон прозорецот, го подотвори и го упати погледот кон реката па потем кон дрвениот мост кој го поврзуваше стариот со новиот дел на градот, на десната страна беше модерниот, а на левата постариот дел.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Тамам да излезе, наредникот го подотвори едното око.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Бојка замина кон ходникот кај влезот, го подотвори вратичето на креденецот, го запали светлото, и, загледана во огледалото што е вградено во вратата, почна да си ја средува косата.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Тој го подотвори капакот и жмирајќи, ја бутна главата внатре.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)