Ајде, фудул Митро, мори, При твојата мака... Но како нож му го параше срцето нејзиниот одговор, кој беше го поместил самиот Тоше во последниот стих и тој со натажен глас го заврши.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
- Ниту едно ниту другото, ама скрнавење на црквата нема да има.... - рече со истиот глас и го помести шмајзерот.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Тој го помести шмајзерот обесен преку рамо, ја погледна косо и се обиде да чекори со нејзиниот чекор.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Таа го помести својот незграпен чевел неколу сантиметри и намерно скрши едно гранче.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Внатрешниот ритам на разговорот ни диктира тежиштето на непретенциозните и растоварени анализи да го поместиме на проблемот на кризата на интелектуалниот ангажман во посткритичката култура.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Еден разлог зашто повеќето феминист(к)и се опираат на прагматистичкото гледиште за политичката корисност на философијата е дека маскулинизмот изгледа потполно вграден во сѐ она што го правиме и кажуваме во современото општество, така што се чини дека можат да го поместат само некои навистина масивни интелектуални промени.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Расказот го поместив во оваа книга, сега во твоите раце, пред твоите очи.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Си велев: Сепак да се почне токму од ова место од стапалото што поместувајќи се го поместува заодот.
„Забранета книга“
од Веле Смилевски
(2011)
Знам: во мигот кога ќе го поставам последното камче, во центарот на новата вселена, јас ќе се престорам од пајак во мрава црна, оти крстот ќе го изгубам, средето на светот ќе го поместам на место лажно.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Јас се обидов престолот Божји да го урнам, да го изместам, средето во кое рамнотежата му е поставена да го поместам; но за тоа кога времето ќе дојде, о, бедни и блажени духом слабим.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Се огледа наоколу да не би да го види некој и незабележано го помести каменот така да штицата сега се држеше само со еден крај.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Но, Брчалото не се утавли во столот да заприкажува со луѓето, туку почна да потстанува од столот, да го поместува и да се врти де онака де вака, ама не и кон луѓето, туку во потрага по глетка во планината спроти луѓето.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Дедо ми барем беше сенилен кога еднаш, во 15:00 го помести часовникот два часа понапред, за што побрзо да ги слуша вестите во 17:00. * Запис пронајден во рачен часовник
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Овошјето од еден обичен плакат
го поместува тлото под душникот
го лизга ровко и несопирливо
и ве пренесува во детството
- небаре тоа е на едниот, а
вие на другиот крај
небаре сте биле еден без друг
вие, кои не сте смееле -
повторно ја доживувате возбудата
на окото и моливот
кога сте цртале гроздови, круши и јаболка
и сте го наслушнале разговорот
меѓу мечтата и раката во којашто
се влевал еросот на иднината.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)