Така беше адет тогаш: кога се прави нов поп, сите пријатели да го поткрепат за да се приближи и тој до старите попови.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Всушност, Дерида ја разбира метафизиката како точно онаа дисциплина што го поткрепува постоењето И делувањето на некаква замисла за присутност.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Се разбира, ова се некои од централните поими на Западната метафизика.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
И Отсутност Толку за тоа што присутноста е; понатаму за нејзиното одрекување.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Ами вака: Ние ќе ја напуштиме земјава, луѓето ќе се приберат. Co малку маки и страданија ќе помине и оваа бура како сите вакви досега, и ајми со здравје — го поткрепи предавничкиот став и Тренков, додавајќи дека „ете, Хилмипаша ветил амнестија, та ќе им биде полесно на луѓето без нас, отколку со нас".
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Мислите дека ја растуривте, но мене ми се чини дека не ќе оди така лесно таа работа како вие што си ја претставувате, — па се обрна кон Перевци: — Другари!
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
А бидејќи таквото обезбедување никојпат не е сигурно, без да се ангажира една од големите држави или неколку од нив со оружје в рака да го поткрепат тоа обезбедување, тогаш од Бугарија не можеше да се очекува замешување во македонските работи.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Камилски се обиде уникатното значење на инаетот во балканската архетипска ментална конституција кај одделни народи посебно, да го поткрепи и со неколку фразеолошки докази.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Во прилог за инаетот ја наведе поговорката од зборникот на Вук Караџиќ: Плати, па се инати!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Но најтешко од сè му беше кога страдаше заради оние што му беа лажни пријатели, оние што го напуштија кога му беа најпотребни и оние што не дојдоа да го поткрепат во судницата.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Но, тоа не ги спречува да служат и на мафијата и да го поткрепуваат нејзиното постоење.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Тој побарал информацијата да им се достави на сите заинтересирани членови на разузнавачката организација.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Ова тој го поткрепил со констатацијата дека во случај да биде „обелоденето дека Британците се во контакт со него на кој и да е начин, преку кој и да е канал, на најважните политички односи што јас ги изградив во Бугарија во изминатите четири месеци би им била нанесена непоправлива штета“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Правото на екстремистички гест во Русија го поткрепуваат корените на терористичкиот „нихилизам” на доцниот 19 век, кога на оваа почва владееше истата безнадежност и потиштеност.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Геј-луѓето, онака решени да се интегрираат во поширокото општество и да си ја покажат суштинската нормалност, брзаат да ги прифатат хетеросексуалните облици на живеење, вклучително и хетеросексуалните норми.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Самата нормалност веќе не е доволно нормална за да им го поткрепи на геј-луѓето чувството за сопствената вредност.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Не само што меѓу нас излегле од мода геј-верзиите на радикалната политика, на радикалниот секс и на радикалните животни стилови, туку геј-луѓето изгледа одново ја откриваат и ја промовираат супериорноста на хетеросексуалните општествени облици, вклучително и фрапантно архаичните форми (како венчалните огласи во друштвените рубрики на локалните весници) кои ги напуштаат дури и самите хетеросексуалци.455 Се трудиме да ги победиме хетеросексуалците на нивни терен.
Повеќе нормалност, изгледа, веќе не ги задоволува асимилациски настроените геј-луѓе.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
На тој начин, тие ги прифаќаат поимите со кои се артикулира хетеросексуалната доминантност и позитивно ги промовираат.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Во тој видлив обид да ги надминат стрејт-луѓето во лотаријата на нормалноста и да ја избегнат заканувачката дамка на стигмата, геј-луѓето во последно време почнаа да се гордеат со својата здодевност, обичност, просечност.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Предлогот го поткрепи со своето искажување:
Јас лично, господине Старова, повеќепати сум патувал низ Балканот како новинар.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Бевме во една српска куќа, тука имаше една жена која многу ме засака и ми рече: Немој да се грижиш, ако нападнат балистите јас ќе те скријам.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Ветувањето го поткрепи со тогаш скорешна случка: една партизанка бегајќи пред непријателот, дошла токму во куќата каде што бевме и ние.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)